19 Декември, 2025
0.0457

Државна лотарија се придружува на глобалната кампања за подигање на јавната свест за ризикот од вклученост на младите под 18 години во игрите на среќа

Објавено во: Мои пари 28 Декември, 2022 15:00

Добивај вести на Viber

Државна лотарија, како одговорен приредувач на игри на среќа, членка на Европска Асоцијација на лотарии и учесник во Кампања за одговорно дарувањеGift Responsibly Campaign2022 , се придружува кон организациите ширум Европа и светот со цел подигање на јавната свест за ризикот од дарување инстант лозови на деца. Кампањата е во организација на National Council on Problem Gambling(NCPG) и на International Center for Youth Gambling Problems and High-Risk BehaviorsприMcGill University.

Истражувањата покажуваат дека колку порано, во текот на детството, е личноста изложена на игри на среќа, и на коцка, толку е поверојатно дека подоцна во животот може да развие проблематична страст кон коцкањето. Изложеноста во периодот на детството е најчесто можна преку различни продукти подарени од страна на возрасните, несвесни за можниот ризик. 

Државна лотарија е компанија чијшто фокус е придонес во заедницата со директно инвестирање во фонд за општествено корисни цели, преку учество во игрите на среќа од страна на граѓани на возраст над 18 години. Компанијата ја поздравува потребата од овој вид глобална кампања за одговорно дарување и ја имплементира локално во прилог на поздрава младина.

Државна лотарија како поддржувач на Gift Responsibly Campaign,2022, за време на празничниот периоддекември 2022 ‒ јануари 2023,  работи на подигање на јавната свест за децата да не се вклучуваат во игрите на среќа, преку кампањата за дарување инстант лозови СРЕЌА ПЛУС. Низ  рекламата кампања за дарување инстант лозови Државна лотарија потсетува дека инстант лозовите не се детска игра.

„Проблематичното коцкање меѓу младите стана значаен и брзорастечки здравствен проблем. Честитаме на Државна лотарија за посветеноста на јакнење на јавната свест за потребата од одговорно дарување игри на среќа преку Gift Responsibly Campaign“ рече Кејт Вајт(Keith Whyte), извршен директор на NCPG.„Нашата порака е едноставна: инстант лозовите никогаш не може да се соодветен подарок за деца“

Празниците се време за дарување, а еден од најзабавните подароци за блиските и пријателитена возраст над 18 години, полн со возбуда и шанси за поголеми и помали добивки, сеинстант лозовиспакувани во прекрасните коверти СРЕЌА ПЛУС.Избирањето подарок треба да се направи со одговорност и да се внимава на возраста на примателот ма подарокот.  Одговорното дарување ќе е и дел од кампањата на социјалните медиуми, а пораката ќе биде истакната и на два вида празнични коверти СРЕЌА ПЛУС. Пораката е јасна и гласи: Инстант лозовите не се за детска игра. Ставот на Државна лотарија е декана лица на возраст под 18 години не треба да им се даруваат инстант лозови и не треба да се вклучуваат во игрите на среќа. Воедно и надвор од оваа празнична кампања Државна лотарија се придржува кон правилата за одговорно приредување игри на среќа, што е потврдено со  сертификат за Responsible Gaming од Европска Асоцијација на лотарии, согласно што во континуитет се спроведуваат активности на ниво на компанија.

  За National Council on Problem Gambling

The National Council on Problem Gambling (NCPG) е наутрална попрашањето за легално коцкање.

Со седиште во Вашингтон ДС, NCPG е единствената национална непрофитна организација којашто тежнее да ги минимизира економските и социјалните последици од зависноста од коцкање.

Доколку вие, или некој кого што го познавате, можеби, има проблеми со коцкање, контактирајте ја линијата за помош: National Problem Gambling Helpline, којашто нуди надеж и помоѓ без стигматизирање и срам. Call or text 1-800-GAMBLER or visit www.1800gamblerchat.org. Помошта е достапна 24/7 – бесплатно и дискретно.

 За International Center for Youth Gambling Problems and High-Risk BehaviorsприMcGill University

Повеќе од 20 години„Интернационалниот центар за проблеми со коцкање кај младите и однесувања  со висок ризик“, при Универзитетот Мекгил (International Centre for Youth Gambling Problems and High-Risk Behaviours at McGill University)предничи во најновите водечки истражувања со цел да се идентификуваат и разберат критичните фактори поврзани со проблемите од коцкање кај младите.


Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција