19 Декември, 2025
0.0426

Државната видеолотарија на Македонија контра АСОМ: Онлајн приредување игри на среќа е веќе уредено

Објавено во: Мои пари 18 Ноември, 2020 17:39

Добивај вести на Viber

Реакција на барањето на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија за преточување на Уредбата за онлајн обложување во трајно законско решение:

Државна видеолотарија на Македонија со внимание ги следи настаните поврзани со онлајн приредувањето на игри на среќа во Република Македонија.

Како одговорна компанија, во услови на пандемија во државата, ја поздравивме Уредбата на Владата на Република Северна Македонија со која на приредувачите на игри на среќа, времено им се помогна и им се овозможи опција за игрите кои ги приредуваат на своите локации, да ги приредуваат и преку глобалната интернет мрежа.

На овој начин сакаме да појасниме и допрецизираме некои ставови во објавата на АСОМ кои не ја отсликуваат реалноста во областа на игрите на среќа:

  1. Онлајн приредувањето на игри на среќа не започнало со носење на горенаведената Уредба од страна на Владата на РСМ на 24.04.2020 година. Владата  на 16.01.2014 на прес конференција ги соопшти плановите за интернет игрите на среќа. Платформата за онлајн приредување на игри на среќа на Државната видеолотарија на Македонија официјално започна со работа на 01.04.2015 година – значи повеќе од 5 години пред носењето на Уредбата.
  2. Самото отпочнување со работа во 2015-та година укажува дека постојниот Закон за игри на среќа и забавни игри и многу години пред носењето на Уредбата овозможувал заинтересираните правни субјекти да побараат лиценци за приредување на ваков тип на игри на среќа, во соодветни процедури кои единствено требале да бидат доуредени со подзаконски акти.
  3. Приливот на средства по овој основ во државниот буџет се евидентирани уште од 2015 година, а не само од носењето на Уредбата.
  4. Со самиот факт дека законското онлајн приредување на игри на среќа преку Државната видеолотарија на Македонија функционира во РСМ повеќе од 5 години, а и присуството на нелегалните странски приредувачи е во спротивност со ставот дека оваа категорија на игри на среќа е во зачеток.
  5. Државна видеолотарија на Македонија смета дека какво било инкорпорирање на Уредбата во Законот за игри на среќа и забавни игри ќе биде правен преседан во услови кога дејноста односно категоријата на онлајн приредување на игри на среќа е веќе уредена со постојното законско решение – Глава 6, членови од 98-124. Недостасуваат само подзаконски акти кои треба да бидат донесени.

Реакција на Државна видеолотарија

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка