Државниот студентски дом – Скопје: Да престанат обидите за дискредитација на нашата работа
Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2017 08:01
Државниот студентски дом – Скопје реагира на прилозите кои во изминатите два дена се објавуваат во дел од медиумите, во кои често се пренесуваат и ставови на студенти- членови на таканаречениот Студентски пленум со цел тенденциозно да обвини менаџментот на домовите за наводна негрижа околу обезбедувањето на топлинска и електрична енергија.
„Би сакале да информираме во сите три државни студентски домови системите за парно греење тековно се одржуваат и функционираат без проблем, а јачината на топлината е идентична како и во сите други објекти во градот кои се поврзани на централната мрежа. Секако, во услови на екстремно ниски температури на студентите им е дозволено да вклучуваат и дополнителни грејни тела. По однос на електричната енергија, како резултат на ниските температури во текот на вчерашниот ден настана дефект во мрежата на ЕВН и прекин на дистрибуцијата до еден дел од студентскиот дом “Кузман Јосифовски – Питу“, за што студентите корисници на нашите услуги беа информирани, исто како и медиумите кои се обратија до нас за информација. Веднаш ги известиме стручните служби, кои работеа деноноќно и денес состојбата е нормализирана“ -велат оттаму.
Апелираат конечно да престанат континуираните напади и обиди за дискредитација на работата на Државниот студентски дом - Скопје, затоа што како што велат континуирана е нивната грижа кон студентите и објектите во кои тие се сместени и престојуваат, во текот на целата година.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




