ДРЖАВНИТЕ РЕВИЗОРИ ГО ЧЕШЛАА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО - граѓаните за време на ковидот немале доволно пристап до јавните болници, а слабости имало и со лекувањето во странство
Објавено во: Македонија 22 Јули, 2022 14:05
Она штоп мнпогумина гласно го говореа за време на ковид пандемијата, сега го потврдува и Државниот завод за ревизија, во својот најнов извештај за работењето на Фондот за здравствцено осигурување.
А тоа е дека за граѓаните немало доволно здравствени услуги за лечење од корона во јавниот сектор, бидејќи не биле обезбедени термини во јавните здравствени установи, но и не биле склучени договори со приватниците за дијагностицирање на вирусот.
„Во услови на пандемија, поради необезбедување на повеќе термини во ЈЗУ и несклучени договори со ПЗУ за дијагностицирање на COVID-19, не се обезбедени доволно здравствени услуги за осигурениците на товар на Фондот“, се вели меѓу другото во извештајот на ревизорите направен после ревизијата на финансиските извешта и усогласеноста на работењето на Фондот со законите и прописите за 2020 година.
За време на пандемијата граѓаните во приватното здравство платиле над 18,6 милиони евра, стои во извештајот. Ова се пресметки сметано по најниската наплатена цена од 1.400 денари по тест и направени 819.240 тестови за две години.
Според објавените податоци од Институтот за јавно здравје, од почетокот на пандемијата на ниво на држава извршени се вкупно 1.962.489 тестови во 33 приватни и јавни лаборатории, од кои 1.337.238 се ПЦР тестови, а остатокот се брзи антигенски тестови.
Откриени се и бројни други слабости, за лекување во странство не се штитетни правата на барателите на услугите и не се правени контроли за ефектите од лекувањето, а кога станува збор за трудничките боледувања, исплаќани им се пари и на жени кои притоа и работеле и остварувале плата.
„Изразивме мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2020 година. Извршена е ревизија и издаден е извештај за финансиските извештаи и за усогласеноста со законите и прописите за 2019 година и изразено е мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законска регулатива, упатства и воспоставени политики. Со ревизијата беше опфатено и спроведувањето на препораките, дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2019 година презентирано како прилог кон овој Извештај, при што е констатирано дека една препорака е спроведена, четири препораки се во тек на спроведување, една е делумно спроведена и четири препораки не се спроведени“, напишале ревизорите во својот извештај.
Еве што друго констатирале државните ревизори.
„Во делот на внатрешните и теренските контроли при потврдувањето на реалноста и објективноста на фактурираниот број и видови на извршени медицински интервенции реализирани од ПЗУ утврдени се слабости; во функционирањето на ИТ системот на Фондот постојат слабости, недостиг на ИТ кадар и отсуство на ИТ стратегија; во делот на вршењето на контролите и изрекувањето на договорните казни утврдивме неправилности и непочитување на роковите“, велат од Ревизијата.
Следниве наоди се однесуваат на породилните и за лекувањето во странство.
„При исплата на надоместоците за породилно отсуство не се воспоставени контроли, поради што се исплатувани надоместоци и кога осигурениците остварувале плата за ефективни часови на работа; а во постапката за упатување за лекување во странство на осигурените лица утврдени се слабости и неправилности при што во целост не се обезбедува соодветна правна заштита на барателите и не е воспоставена контрола, односно систем на следење и анализи на успешноста на лекувањето во странство“, се вели во извештајот.
Натаму, при ангажирањето на надворешни лица со договор на дело констатирани се слабости; - пописот на средствата, побарувањата и обврските е нецелосно спроведен; - статусот на дел од градежните објекти и земјиштето е нерегулиран, нецелосно утврдени вредности и евидентирање на недвижниот имот во деловните книги; - за залихите на материјали не е воспоставена евиденција; - состојбата на обврските во финансиските извештаи е нереално прикажана; - во спроведувањето на постапките и реализацијата на договорите за јавни набавки констатирани се неправилности.
„За констатираните состојби ревизијата даде препораки со цел да се надминат утврдените состојби во наредниот период. Во делот Прашања на неизвесност и континуитет обелоденуваме информации за: - начинот на плаќање на извршените услуги на здравствените установи, укажувајќи дека не е обезбедено вистинско купување на услуги предвидено со Законот за здравствено осигурување“, велат ревизорите.
Откриле и неизвесна наплата на побарувањата по основ на неплатен придонес за здравствено осигурување кои настанале заклучно со 31.12.2008 година.
Истои така, имало и вршење на кардиоваскуларно - хируршки здравствени услуги во 2019 и 2020 година и нерамномерниот сооднос на истите меѓу ЈЗУ и ПЗУ; - референтните цени на здравствени услуги и Листата на лекови на товар на Фондот се неажурирани; - отпочнати активности за воведување електронски рецепт преку ИТ системот на Фондот, без координација со Министерството, кои не се целосно реализирани; - Националната стратегија за е-здравство не е усвоена, а ЕЗК е нефункционална.
„Од страна на раководните лица на Фондот добиено е Известување на Нацрт извештајот на овластениот државен ревизор, истото е разгледано и констатирано е дека една забелешка не се прифаќа, а останатите преставуваат известување и образложение за констатираните состојби и преземените мерки од страна на одговорните лица на Фондот“, се вели во извештајот.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




