Државно земјиште за бензинска станица продадено на партиски донатор во Ново Село
Објавено во: Економија 14 Ноември, 2025 07:50
Целина на парцели од 18.881 метри квадратни државно земјиште со намена за изградба на бензинска станица на потег кон граничниот премин кон Бугарија на територијата на општина Ново Село е прoдадена на бизнисмен од Босилово кој во 2021 бил официјален партиски донатор на ВМРО-ДПМНЕ на тогашните локални избори.
Продажбата на градежното неизградено земјиште со одлука за отуѓување на Владата во мај е извршена во јуни преку електронско јавно наддавање, а сега парцелите му припаѓаат на „ДПТУ Ассет Манчеви Дооел“ во сопственост на Никифор Манчев.
Земјиштето се наоѓа во близина на индустриската зона Ново Село на магистралниот пат кој води кон најјужниот граничен премин со Бугарија. Фирмата „ДПТУ Ассет Манчеви Дооел“. е регистрирана истиот месец по одобрувањето на отуѓувањето од Владата, а по еден месец од основањето, прифатена е понудата за купување на наддавањето организирано од општината Ново Село.
Во владината одлука за отуѓување стапена во сила од 9 мај пишува дека станува збор за одобрување „согласно Изводот од Државна урбанистичка планска документацијаза изградба на Е2-Комунална супраструктура-бензинска пумпна станица на КП бр. 4078, КП бр. 4083 и КП бр. 4084, место викано Кошутица, КО Ново Село вон град, Општина Ново Село, со тех. бр. 161/12 од 20 февруари 2016 година, одобрена од Министерството за транспорт и врски со Решение бр. 24-958/3 од 26.2.2016 година, за изградба на објекти од јавен интерес со намена Е2-Комунална супраструктура-бензинска пумпна станица“.
Градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божиков, кој за прв пат победи на локалните избори во својата општина во 2021, а на последните доби уште еден мандат, не сакаше да даде официјална изјава, но ни рече дека инвестицијата е дел од многу други проекти за развој на заедницата
- Земјиштето е продадено со највисоко постигната цена од 275 денари по метар квадратен.
-Вкупната цена изнесува 5 192 275 денари, гласи одговорот од општината кој го добивме за постигнатата цена на парцелата.
Неофицијално, Никифор Манчев, според договорот, треба да ја изгради бензинската станица во рок од една година по купувањето на вкупната парцела.
Манчев на претходните локални избори донирал речиси 10.000 евра за партијата.
А.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ДЕЛНИЦАТА БУКОЈАЧАНИ - КИЧЕВО ЈА ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА НОВИТЕ ГРАДБИ: повторно расте интересот за градење
Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра
СОБРАНИЕТО ЌЕ ВРАБОТУВА НАД 30 ЛИЦА: се бараат соработници, преведувачи, толкувачи за плати кои почнуваат од 32 илјади денари
САЕМ, ЖИЧНИЦА ОД БОЛНИЦАТА КОЗЛЕ И НОВ ВЛАДИН АВИОН, БИДЕЈЌИ СТАРИОТ Е КАКО ОДРЖУВАЊЕ НА ОЛД ТАЈМЕР: Томовски со најава
Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување
Трамп: Запленивме многу голем танкер покрај брегот на Венецуела
Лукашенко одобри: Се формира единствен енергетски пазар со Русија
Ова ќе ги погоди сите љубители на кафе – вкусот никогаш повеќе нема да биде ист
Заварувачи, готвачи, електричари - кои се другите дефицитарни професии во Европа?




