Држава без буџет е како ракија без мезе!
Објавено во: Финансии 11 Декември, 2012 08:33
При донесувањето на Буџетот за оваа година, лани биле поднесени нешто повеќе од 400 амандмани при што само амандманската расправа траела 8 денови. Судејќи според ланското искуство, годинава за да се прочешлаат сите 1 226 амандмани ќе бидат потребни околу 24 денови – што практично веќе ги нема во оваа календарска година, на истекот од последниот месец.
“До сега сум учествувал во гласање на 6 буџети, досегашната пракса покажува дека дел од амандманите при крајот на буџетската расправа се повлекуваат, но тоа сепак зависи од политичката проценка и од реалната потреба да се истуркаат амандманите“ – вели Маријанчо Николов од СДСМ и додава дека нема блокада на буџетот, како што тврди министерот за финасии.
“Во овој момент не можам да кажам дека има блокада на буџетот. Комисијата за финасирање работи. Но доколку буџетот не биде усвоен заклучно со 31 декември, тогаш 2013 та ќе започне со “времено финасирање“, односно ќе може да се потрошат една третина од парите што се потрошиле од последните три месеци на овогодинашните буџетски расходи. И овој модел ќе може да се применува само до март, потоа за секое трошење ќе треба дозвола од Собранието.“ – вели Николов.
Доклку донесувањето на Буџетот се пролонгира и подолго, тоа практично ќе значи функционирање на минимум, ќе има пари за исплата на основните трошоци, какко плати, пензии, социјални трансфери, но за другите програми на Владата ќе има тоа што ќе остане, а тоа секако нема да биде многу. Експертите коментираат дека во тоа нема ништо спорно, но забавената реализација ќе чепне од имиџот на државата, и ќе ја отежне реализацијата на Буџетот во следните месеци. Она во што не се согласуваат власта и опозицијата е, чија вина ќе биде тоа?
Блокада и за заемoт од Светска банка ?
Владата ја обвини опозицијата дека прави блокада не само на новиот Буџет, туку и на Законот за задолжување на Македонија кај Светската Банка. Според министерот Ставрески, доколку не се усвои овој закон, Македонија ќе биде принудена да издаде Еврообврзница што би значело ново, поскапо задолжување.
“Ако следната година РМ излезе на пазарот на капитал со еврообврзиници за кои нема потреба од одобрение од Собранието, наместо да ги земе двата поволни кредити од СБ, каматната стапка што ќе ја плати државата ќе биде повеќе од два пати повисока во однос на она што е договорено со Светска банка. За седум години, колку што изнесува отплатата на таа обврзница или на кредитите од СБ во вториот случај, односно на гаранцијата, Република Македонија без потреба ќе плати 84 милиони евра повеќе отколку што би платила кога би ги зела парите од Светска банка “ – изјави министерот Ставревски.
Легитимно е да бараме отчет за тоа како ќе се трошат буџетските пари и каде ќе завршат кредите, особено во предизборие, во очи на претстојните локални избори, вели пратеникот Зекири.
“Ако државата реши да се задолжи со нова Еврообврзница тоа ќе биде одговорност на Владата. Она што мене ми е важно е со амандманите да се издејствува пренасочување на буџетските пари од непродуктивни на капитални прокети. Дел од моите амандмани се однесуваат на ветените 25% од капиталните инвестиции наменети за прокети во западниот дел од Македонија“ – вели Зекири.
Според досегашната пракса, некаде до 20 ти овој месец треба да финишира амандманската расправа, по што ќе биде потребна уште една недела за дебата на пленарна собраниска седница. До сега филтерот го поминаа 100 тина амандмани или само 8 отсто од предложените амандмани.
За Фактор, Анета Додевска, 24 вести
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“





