Државата се задолжи со нови 130 милиони евра
Објавено во: Финансии 08 Јануари, 2013 20:40
Преку аукција на државни записи и обврзници денеска државата се задолжи со нови 130 милиони евра. Беа објавени шест поединечни акукции. Преку продажба на тримесечни записи беа собрани 39,7 милиони евра. Од аукцијата на шестмесечни записи Владата обезбеди 51,6 милиони евра, а со продажба на две петгодишни обврзници се собраа 37,9 милиони евра.
3 месечни записи 39,7 милиони евра
6 месечни записи 51,6 милиони евра
5 годинишни обврзници 37,9 милиони евра
Ова задолжување на домашен терен е прво во оваа 2013 та година. Министерот за финансии Зоран Ставревски изјави дека аукциите поминале добро и дека дел од овие пари ќе завршат кај приватните пензиски фондови кои беа законски принудени предвреме да ги продадат своите Еврообврзници.
Денешното задолжување на Владата се спроведе во ист ден кога Македонија ја раздолжи Еврообврзницата од 175 милиони евра. Денеска беа вратени вкупно 183 милиони евра, сума во која е вклучена основицата од 175 милиони евра и уште 8 милиони евра, камата за половина година. Инаку Еврообврзницата, која беше издадена во кризната 2009та година, се смета за едно од најскапите задолжувања за кои, во период од три години беше платена камата од 51,8 милиони евра. Денешното раздолжување според министерот Ставревски ја потврдува макроеономската стабилност на земјата и праќа позитивен сигнал до инвеститорите.
„Со исплатата на оваа еврообврзница, де факто на краток рок, и нивото на државниот долг се намали на 28,5% од БДП. Се разбира, со средствата што ги обезбедивме од Светската банка и со гаранцијата од Светска банка ние ќе ги надоместиме овие средства, односно ќе го вратиме нивото на девизни резерви тогаш кога ќе пристигнат во Македонија“, рече Ставрески.Опозициската СДСМ обвини дека станува забор за скапо задолжување што завшило за непродуктивни трошења
“Парите не отидоа за капитални инвестиции, бидејќи нема автопат, ниту хидроцентрала, кои за три години можат да донесат приход за да се врати и позајменото и да се плати каматата. Тоа значи дека сите граѓани на Република Македонија во изминатите три години се осиромашени за повеќе од 50 милиони евра, колку што мораше да се плати како камата на долгот “ – оценија од СДСМ и го повикаа Владата на чело со премерот Никола Груевски, да им се извини на граѓаните зошто парите не ги вложила во капитални инвестиции, туку како што велат за луксузирање.
Со задолжувањето во 2009 та, кое се сроведе во мандат на министерот Трајко Славевски , јавниот долг тогаш порасна за речиси 3% од Бруто Домашниот Производ.
“На овој начин Министерството за финансии ефикасно ги обезбеди потребните средства за непречено финансирање на буџетот и продолжување на реализацијата на проектите на Владата“ - изјави тогашниот министер за финансии Трајко Славески.Во јавноста остана дилемата дали ова скпао задолжување можеше и мораше да се избегне, особено што тогаш Македонија имаше и шанса за поефтино задолжување преку Меѓународниот Монетарен Фонд. Но овој заем тогаш претпоставуваше условувања и строга контрола врз начинот на кој се трошат парите.
Првата Еврообрзница Македонија ја издаде во 2005 та година, во мандат на СДСМ, кога министер за финасии беше Никола Поповски. Вредност на ова задолжвање изнесуваше 150 евра а камтата, која сеуште се плаќа изнесува 4,62%.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“





