Државната матура стартува утре, матурантите полагаат мајчин јазик
Објавено во: Мои пари 30 Мај, 2014 13:26
Матурантите утре со полагање на мајчиниот македонски јазик ќе го отворат стартот на државната матура.
Ќе полагаат вкупно 18.370 пријавени кандидати за услов на продолжување на образованиетои упис на високите институции во земјата и надвор.
На 11 јуни следат полагањата за учениците кои избрале англиски, француски, германски или руски јазик додека на 13-ти јуни ќе се полага математика, естетика и филозофија, а на 16-ти ќе се одржат испитите по хемија, физика, биологија, историја и бизнис.
-Прелеминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна до 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит и овие резултати се конечни за кандидатите кои нема да приговараат. Доколку кандидатот смета дека е направена грешка во оценувањето на испитните задачи, во пресметувањето на бројот на бодовите или во изведување на оценката, може да достави приговор во рок од два дена по нивното објавување. На овие кандидати, конечните резултати ќе им бидат достапни по завршување на процесот на приговори, рече денеска министерот Спиро Ристовски.
Во споредба со минатата година, зголемен е бројот на кандидати кои избрале да полагаат математика на основно и напредно ниво.
Министерот очекува оваа година матурантите да покажат висока свест, зрелост и спремност да одговорат на предизвикот-државната матура.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година




