05 Декември, 2025
0.0275

ДРЖАВНИ РЕЗЕРВИ: И во октомври намалување – зошто се топат резервите?

Објавено во: Финансии 16 Октомври, 2015 08:48

Добивај вести на Viber

Девизните резерви се намалуваат. Народната банка, по последниот состанок на Комитетот за оперативна монетарна политика, соопшти дека трендот на намалување продолжил и во октомври, но дека адекватноста на државните резерви и антаму е во сигруна зона. Зошто се топат државните резрви? Од јанари до сепетември, во псоредба со истиот еприод лани, државните резерви се намалени за 247 милиони евра. Паѓа вредноста на монетраното злато, но има пад и кај хартиите од вредност, валутите и депозитите. Дел од економистите сметаат дека оваа состојба е очекувана кога има одливи по основ на отплата на долгови а во отсуство на кредитни приливи. Но дали девизните резерви терба да се потпираат најмногу на кредитните задолжувања? Се полнат од кредити, се трошат за кредити.. Заклучно со третиот економски квартал од годинава, садото на државните резерви изнесуваше 2,187 милијарди евра. Намесечно ниво, или во однос на август е забележан раст од 10 милиони евра, но на годишно ниво, државните резерви се во пад. Според последните, најнови информации од Народната банка, оваа состојба на намалување на државните резерви продолжила и во октомври. “Според последните расположливи податоци, во третото тримесечје на 2015 година девизните резерви забележаа пад, а благо намалување е забележано и во текот на октомври. Гледано преку факторите на промена, намалувањето на резервите во овој период е последица, пред сѐ, на редовното отплаќање на надворешните обврски од страна на државата, а во многу мал дел и на нето-продажбата на девизи на девизниот пазар од страна на НБРМ. Сепак, девизниот пазар веќе подолг временски период е стабилен и НБРМ не интервенира со продажба/откуп на девизи“, информираат од Народната Банка. Според дел од економситите, во состојба на поголеми одливи за отплата на долгови а без нови кредитни надворшени задолжувања, намалувањето на резервите треба да е очекувана последица. “Намалувањето на девизните резерви е очекуван тренд кога од една страна има големи отплати на долгови а од друига страна нема приливи по основ на кредити како и поголем откуп на девизи на девизниот пазар. Државните резерви според мене повтроно ќе пораснат кога Владата ќе го земе кредитот за гасификација и ќе ја издаде новата Еврообврзница. Во делот на кредитот во вредност од 90 милионие евра, наменет за гасификација, сметам дека иам заднина со оглед на тоа што може да се користи и за буџетска поддршка. Треба да се види и каква ќе биде висината на новата Еврообврзница, пари кои директно ќе лагнат во девизните резерви и тогаш тие ќе покажат раст“, вели поранешниот гувернер Петар Гошев. Новиот кредит за гасификација и еврообврзницата ќе спречат намалување на резервите Иако државните резерви се намалуваат, аналитичарите на НБМ информираат дека расположливите показатели за надворешниот сектор укажуваат оти трговскиот дефицит и приватните трансфери, како клучни компоненти на тековната сметка, засега се движат во проектираните рамки. Анализата на показателите на адекватноста на девизните резерви покажала дека тие и понатаму се движат во сигурната зона, а во согласност со очекуваните движења во надворешниот сектор, се очекува дека девизните резерви ќе бидат на комфорно ниво и во следниот период. Поранешниот гувернер Гошев очекува натамошно намалување на државните резерви, се додека Владата не го земе новиот кредит за гасификација и не ја издаде новата Еврообврзница. “Сега државните резерви се потпираат на кредитни задолжувања, но тие треба да растат меѓудругото како резултат на зголемување на нето извозот и намалување на трговскиот дефицит, што не се случува. Ова се коси со оние промотивни политики за позитивните ефекти од инвестициите во слободните економски зони. Имено, компаниите од зоните извезуваат, но во исто време имаат и скап увоз, што на крај повторно се рефлектира врз трговскиот биланс“, вели поранешниот гувернер Гошев. Народната банка очекува дека девизните резрви ќе останат во безбедна зона. “Показателите на адекватноста на девизните резерви и натаму се во сигурната зона. Економскиот раст е солиден и нема ценовни притисоци. Движењата на кредитниот пазар веќе подолг период се претежно поволни, упатувајќи на релативно ефикасно пренесување на досегашните монетарни мерки врз кредитната активност и постабилни очекувања на домашните банки“, информираат од НБРМ. На крајот на септември, во споредба со истиот период лани државните резерви се намалени за 247 милиони евра. Во септември вредноста на монетарното злато била 219,3 милиони евра, што е 11,3 милиони помалку од лани истиот период. Според мерeњата на НБРМ, во деветтиот месец е регистриран пад во валутите и депозитите за 36,4 милиони помалку  во однос на истиот,  минатата година, а во моментов тие имаат вредност околу 241 милион евра. Во истиот споредбен период  забележан е пад и од  223,2 милиони евра кај хартиите од вредност. Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката