05 Декември, 2025
0.0926

ДРЖАВНИ РЕЗЕРВИ: Македонија ги наполни со задолжување, Србија со златни прачки!

Објавено во: Финансии 07 Септември, 2014 08:55

Добивај вести на Viber

Во август државните резерви на Македонија достигна историски највисоко ниво од скоро 2,5 милијарди евра. Трендот на пораст што се случи во јули продолжи и во август. Сметката на девизните резерви се зајакна со половина милијарда евра, пари од задолжувањето со Еврообврзницата и со уште два милиони евра, како резултат на пораст на цената на златото. Посткризно, иако дел од европските и балканските економии беа соочени со притисокот да продаваат дел од резервите, сепак некои од земјите, како Србија успеаа да ги зајакнат резервите, ососбено со злато. Еврообврзницата  го запре падот на девизните резерви? Рекордно ниво на државните резерви во август. Новите податоци на Народната Банка покажуваат дека во осмиот месец од годинава салдото на вкупните девизни резерви изнесува 2 милијарди и 449 милиони евра и ова е до сега највисоко ниво на резервите. Овој значаен августовски пораст, кој е продолжение на јулскиот раст е резултат на парите од задолжувањето со Еврообврзницата, што легнаа на сметка на резервите. Структурата на девизните резерви покажува дека најголем дел од резервите се чуваат врзани за хартии од вредност, потоа за странски валути и злато. Еве колку пари од државните резерви на кој начин се чуваат: Хартии од вредност                            1,9 милијарди евра Валути и депозити                         295,8 милиони евра Злато                                                   212,7 милиони евра Во август во споредба со јули, раст на резервите има во хартии од вредност и кај златотo, додека намалување има кај резервите во валути и депозити. Дека задолжувањето од Еврообврзницата ги наполни девизните резерви потврди и последниот Извештај на Народната Банка. Според дел од економистите што ги консултираше Фактор очекувано е дека новото задолжување ќе влијае врз полнење на девизните резерви, но тоа нема да биде парамаетар за одржување на ова ниво во иднина. Имено, економистите посочуваат дека пред да се издаде Еврообврзницата, односно пред да легнат парите од ова задолжување салдото на девизните резерви во јуни изнесуваше 1,8 милијарди евра и претставуваше едно од најниските нивоа во последните неколку години. Во текот на изминатиот период, особено за време на изборниот процес, нивото на девизни резерви се намали. Во своите Извештаи народната Банка тогаш констатираше: “Последната состојба на бруто девизните резерви, на 31 ви март изнесува 1 милијарда и 941 милиони евра, што претставува пад од 51,9 милиони евра во однос на крајот од претходната година. Негативните промени на девизните резерви во најголем дел се должат на нето-продажбата на девизи од страна на НБРМ на девизниот пазар и на трансакциите за сметка на државата“, пишува во априлскиот извештај на Народната Банка. И додека Македонија со задолжување ги набилда државните резерви, соседна Србија посткризно не само што не ги ситнеше, туку ги окрупни резервите со уште  два тони злато. Токму Србија е една од балканските земји која предничи според вредноста на златните резерви. Операцијата за купување на злато се спровела во последните две години кога Србија од 14,9 успела да ги зголеми златните резерви на 17,2 тони. Од Народната банка на Србија изјави дека целта на ова зајакнување е да се заштити економијата од инфлација на долг рок, при тоа да овозможи намалување на ризикот по девизните резерви, а во исто време тие да бидат гаранција што ќе ја одржува довербата во период на несигурност. “Од избивањето на финансиската криза имаме изразен т.н. „safe haven“ ефект на златото (сигурно засолниште за вложување), така што кај централните банки имавме тренд на раст на учеството на овој благороден метал", изјави Давид Малиш, директор на Одделението за управување со девизни резерви на НБС. Последното јулско истражување на Светскиот совет за злато покажуваат дека на Балканот според вредноста на златните резеви на прво место е Грција, потоа Бугарија, па Србија. Во рангирањето на сто земји во светот, Македонија се најде некаде во последната група, на 78 то место.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката