Државниот долг на Црна Гора изнесува 1,77 милијарди евра – 50 отсто од БДП-то
Објавено во: Балкан 07 Август, 2013
Министерството за финансии во Подгорица соопшти дека државниот долг на Црна Гора на крајот на јуни изнесувал речиси 1,77 милијарди евра, или 50,1 отсто од проценетиот бруто домашен производ.
Буџетскиот дефицит за првите шест месеци од годинава изнесувал 79,6 милиони евра. Од Министерството соопштуваат дека нето приливот на директни странски инвестиции во периодот од јануари до крајот на мај изнесувал 112,12 милиони евра, односно за 5,5 отсто помалку во однос на истиот период минатата година.
Според податоците на Министерството за финансии, внатрешниот долг на земјата изнесувал 442 милиони евра, а надворешниот 1,32 милијарди евра.
Вкупната надворешнотрговска размена од почетокот на годинава до крајот на мај изнесувала 841,8 милиони евра, што е 2,8 проценти пониско во однос на истиот период лани.