ДУБАИ СТАНУВА ПРЕСКАП: Повеќе не е рај за иселениците
Објавено во: Финансии 02 Септември, 2025 11:21
Дубаи, симбол на луксуз и едно од најпосакуваните места за британските иселеници, станува сѐ помалку атрактивен поради наглото зголемување на трошоците за живот. Сѐ повеќе странци се враќаат во своите матични земји, а популарната фраза од социјалните мрежи „Habibi, don’t come to Dubai“ станува реалност и надвор од интернетот.
Според финансискиот директор на осигурителната компанија „William Russell“, Рос Ирвајн, Дубаи полека го губи својот сјај. - Години наназад беше рај за иселениците – без даноци на плати, сонце во текот на целата година и динамичен живот. Но, трошоците за живот нагло пораснаа, цените на кириите достигнуваат рекорди, а образованието и здравството се сѐ поскапи. Секојдневните трошоци, од храна до забава, се значително поголеми од порано, рече Ирвајн.
Чарли Морган, кој се преселил во Дубаи во 2023 година, по две години одлучил да си замине и покрај високата заработувачка. – Проблемот со Дубаи е што сите планираат да си одат. Тоа е град со ротирачки врати, изјави тој.
Многу Британци се жалат дека трошоците се неодржливи, а притисокот да се следи наметнатиот луксуз е преголем.
Дубаи денес е 15-ти најскап град за живот во светот и најскап на Блискиот Исток, со пораст на цените на недвижностите од 21 отсто – повеќе од Тел Авив, Мајами, Чикаго, Париз и Берлин, иако Лондон останува поскап.
Можеби ќе ве интересира
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра




