ДУИ бара пратеничката Лозановска јавно да се извини бидејќи спомена нацистички режим
Објавено во: Македонија 15 Јули, 2022 20:23
Демократската унија за интеграција(ДУИ) го осудува навредливиот речник на пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Олга Лозановска која во својот скандалозен говор во Собранието ја спореди Европската унија(ЕУ) со нацистичкиот режим, по посетата која ја реализираше претседателката на Европската комисија, Фон Дер Лајен во нашата земја.
Велат дека употребата на една таква апсурдна реторика, инспирирана од деструктивната антизападна и проруска идеологија е неприфатлива и за неа нема место во нашето демократско општество.
„Апелираме до сите пратеници за зрелост, разумност, почитување на етичкиот кодекс на говор во домот на демократијата и пред се за почит кон поддршката што земјите на Европската Унија секогаш ја давале за демократскиот развој на нашата земја. Пратеничката Лозановска јавно да се извини, а ВМРО ДПМНЕ да се огради од говорот на пратеничката барајќи одговорност за зборовите кои што денес таа ги употреби“, велат од ДУИ.
Демократската унија за интеграција повикува на рационалност и зрелост од сите партии во процесот на одлучување, сега кога е евидентно дека францускиот предлог не го нарушува јазичниот, културниот и историскиот идентитет на македонските граѓани.
Можеби ќе ве интересира
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети
Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта
ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар
„АКО ОДБИВА ДА ПОТПИШЕ - СЀ Е ЈАСНО“: СДСМ тврди дека Мицкоски не ја зборува вистината за мигрантите
Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието
Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...
И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат




