ДУИ КАТЕГОРИЧНИ: Груевски повикува на нетрпеливост, во Влада само со Заев
Објавено во: Македонија 06 Март, 2017 16:24
Потпретседателката на ДУИ денеска изјави дека повиците на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на нетрпеливост не се добри за иднината на земјата и дека не би требало да бидат дел од програмите на политичките партии.
„Иднината на сите граѓани, без разлика на верата и нацијата, е ЕУ и поради тоа е важно да се најде решение за сите парашања, а повикувањата на нетолеранција не е добро за иднината на земјата“, рекла Арифи по состанокот со шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје Самуел Жбогар.
ДУИ одлучи дека ќе биде дел од новата влада која ќе ја предводи СДСМ и Зоран Заев, иако претседателот Ѓорге Иванов одбива да му го даде мандатот за премиер. Иванов образложи дека „совеста и Уставот не му допуштаат мандатот да го даде на личност и партија чија платформа е уривање на суверенитетот на Македонија“, алудирајќи на декларацијата која албанските партии ја поставија како услов за формирање на влада.
На протестите против таа декларација граѓаните ги повика Никола Груевски, кој се обидува да спречи Заев да ја формира владата со ДУИ, бидејќи претходно на него не му успеа, како тврдат во ДУИ, разминувајќи се околу работата на Специјалното јавно обвинителствп за прислушување на разговори.
Високи функционери од ДУИ неколку пати јавно повторија дека и Груевски во текот на неуспешните преговори се согласил на истите услови на кои се согласил Заев поради кои сега поранешниот премиер ги критикува и прогласува за уривачи на државата.
Заев мнозинството од 67 пратеници во парламентот со 120 места го формира со три партии на Албанците во Македонија, кои ги отфрлија обвинувањата дека нивната декларација го урива суверенитетот на Македонија. Поддршка за формирање на таа коалиција и идна влада дадоа и ЕУ, САД и НАТО.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




