ДУИ конечно се реши, ќе прави влада со Заев - мандатот да го даде Иванов
Објавено во: Македонија 04 Март, 2017 00:12
ДУИ на вечерашното Централно претседателство по речиси месец на предомислување конечно донесе одлука како ќе се постави во се поизразената политичка криза и реши да учествува во новата реформска влада предводена од СДСМ, потврди вечерва портпаролот на партијата Бујар Османи, информира Фокус.

– ДУИ одлучи да ја почитува волјата на граѓаните и да учествува во владата. Иванов да го додели мандатот на Зоран Заев. Платформата не отстапува од Уставот и Охридскиот рамковен договор – истакна Османи.
Засега СДСМ, ДУИ и останатите албански партии најавуваат дека е можно да одберат претседател на Собранието, но без мандат не можат да изгласаат нова влада, па секој нареден чекор ќе биде критичен за мирна разрешница на кризата.ВМРО-ДПМНЕ му порача на Заев да се откаже од албанската платформа и ќе добие поддршка за малцинска влада, ако не логичен чекор е да се оди на нови избори за да не дојде до уште поголеми последици.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




