ДУИ нема да гласа за разрешување на Гаши
Објавено во: Македонија 03 Септември, 2024
ДУИ ќе дебатира на седницата за интерпелацијата на спикерот на Собранието,Африм Гаши, но нема да гласа.
- Ќе ги кажеме сите недоследности и забелешки за работењето на Гаши како претседател на Собранието, но од принципиелни причини нема да гласаме за негово разрешување, изјави Блерим Беџети од ДУИ пред почетокот на денешната собраниска седница.
Според Беџети, сепак Гаши треба да се повлече, како што рече, поради вазалство, не само од претседател на Собранието, туку и од политичката сцена.
- По вчерашното интервју што кратко успеав да го следам, тој мислам дека треба да им се извини на Албанците без разлика на политичката провиниенција и не само од претседател на Собранието, туку треба да се повлече и од политичката сцена зашто такви гафови не се прават случајно. Изгледа вазалството оди до крајности и не сметаме дека е потребно веќе да дебатираме на таа тема, нагласи Беџети.
И Илире Даути од Европски фронт рече дека коалицијата нема намера да биде дел од сценаријата на ВМРО- ДПМНЕ и Левица и нема да гласа за интерпелацијата на Гаши.
На денешната собраниска седница прва точка на дневен ред треба да биде интерпелацијата на Гаши што ја поднесоа пратениците на Левица. мч/бак/