03 Септември, 2024
0.0260

„НЕМА ДА ПОПУШТАТ ДОДЕКА НЕ СЕ ИСПОЛНАТ БАРАЊАТА“: Дејановски од УПОЗ за штрајкот на вработените во МАНУ

Објавено во: Македонија 03 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Вработените во техничката служба на Македонската академија на науките и уметоностите (МАНУ) од денеска повторно го активираа штрајкот. Станува збор за 36 лица, кои првично почнаа со штрајк во февруари, кој траеше еден месец, по што беше потпишана Спогодба за ставање во мирување на штрајкот..

Претседателот на синдикатот на УПОЗ, Трпе Дејановски на прес-конференцијата истакна дека од потпишаната Спогодба меѓу вработените и работодавецот не е исполнето ништо, па штрајкот повторно е активиран и ќе трае до исполнување на барањето, односно до зголемување на платите на вработените.

Дејанов изјави дека вработените во МАНУ ќе штрајкуваат во текот на целото работно време, ќе работи само архивата за прием на пошта, а другите вработени ќе штрајкуваат и нема да се извршуваат никакви работни задачи. Дополни дека во текот на изминатата година академиците најмиле адвокатска канцеларија, преку која одела комуникацијата со вработените во администрацијата на МАНУ.

- Истите во периодот кога се активираше штрајкот најмија адвокатска канцеларија  преку која се одвива комуникацијата со вработените и која има една единствена задача, а тоа е да ги заплаши вработените и да најде начин, како да го забрани одвивањето на штрајкот. Исто така дел од академиците, раководителите на организационите единици при МАНУ кога беше најавено активирањето на штрајкот веднаш почнаа со закани на вработени дека ќе бидат избркани од работа, а одредени раководители со пцости и навреди почнаа да им се обраќаат на вработените. Што не им доликува на титулата Академик - нагласи Дејановски.

Тој порача дека секој кој ќе им се заканува или ги навредува вработените во МАНУ ќе биде објавен јавно без ралика на тоа каква функција извршува во МАНУ.

- Да го потсетам раководството на МАНУ дека во Спогодбата која се потпиша со синдикатот преземаа обврска дека до 31 декември 2023 година ќе биде потпишан Колективен договор и ќе се направи измени и дополнување на Законот за конечно да се реши проблемот со платите. Од 31.12. 2023 година до денеска поминаа девет месеци вработените не добија ништо освен пцости, закани и навреди. Наместо да се зголемат платите на вработените, се активираа адвокатски канцеларии за кои се исплаќаат пари како за платите на вработените. Остануваат на нивните работни места, нема да работат, но нема откажување од штрајкот, се додека не се исполнат барањата - рече Дејановски.

Благој Грујиќ, претседател на Синдикатот на МАНУ, рече дека бараат зголемување на платите, за  кои, како што рече, долго време не се зголемени.

Прашан колку изнесува платата на вработените во МАНУ, Грујиќ со одговор дека е минимална и дека поради неатрактивноста на платите нема интерес за вработување во МАНУ.

- Во врска со изјавите за вработените, јас можам да кажам дека последниве 15 и повеќе години секој конкурс за секое работно место во администрацијата е пуштен во македонски и во албански весници. Тоа што ниту еден Албанец се нема пријавено, ниту еден Македонец се нема пријавено, ниту Палестинец затоа што се премногу мали платите, проблем што треба да го реши како Академијата, така и нашиот основач Собранието - рече Грујиќ. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук/МИА

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) ИСЛАМ АБАЗИ ДОБИ ДОНАЦИЈА ОД АМБАСАДАТА НА САД: Ова е опремата која ќе ја користат

(ФОТО) ИСЛАМ АБАЗИ ДОБИ ДОНАЦИЈА ОД АМБАСАДАТА НА САД: Ова е опремата која ќе ја користат

50 отсто роденденски попуст за 5 години А1

50 отсто роденденски попуст за 5 години А1

ВЛАДАТА ЈА ОГРАНИЧИ МАРЖАТА ЗА УЧИЛИШЕН ПРИБОР - производите се продавале по двојно повисоки цени од увозните

ВЛАДАТА ЈА ОГРАНИЧИ МАРЖАТА ЗА УЧИЛИШЕН ПРИБОР - производите се продавале по двојно повисоки цени од увозните

КАЈ „ЉУБЕН ЛАПЕ“ НЕМА СЕМАФОРИ, ЗАТОА ШТО МВР НЕ ДАЛО СОГЛАСНОСТ: Се огласија од ЈП „Улици и патишта“

КАЈ „ЉУБЕН ЛАПЕ“ НЕМА СЕМАФОРИ, ЗАТОА ШТО МВР НЕ ДАЛО СОГЛАСНОСТ: Се огласија од ЈП „Улици и патишта“

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета купувала брендови во Саудиска Арабија со службени пари

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета купувала брендови во Саудиска Арабија со службени пари

ДУИ нема да гласа за разрешување на Гаши

ДУИ нема да гласа за разрешување на Гаши

ПОЛИЦИЈА ЌЕ СТОИ НА УЛИЦА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ДА МОЖАТ ДА ПРЕМИНАТ УЛИЦА: Општина Ааеродром апелира до Град Скопје итно да постави соодветна сигнализација кај „Љубен Лапе“

ПОЛИЦИЈА ЌЕ СТОИ НА УЛИЦА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ДА МОЖАТ ДА ПРЕМИНАТ УЛИЦА: Општина Ааеродром апелира до Град Скопје итно да постави соодветна сигнализација кај „Љубен Лапе“

Тошковски прогласи крај на чекањето: Личните документи се вадат во законски предвиден рок

Тошковски прогласи крај на чекањето: Личните документи се вадат во законски предвиден рок

УШТЕ ЕДЕН НЕРАБОТЕН ДЕН ПРЕД НАС: Споен викенд за 8 Септември, понеделник нема да се работи

УШТЕ ЕДЕН НЕРАБОТЕН ДЕН ПРЕД НАС: Споен викенд за 8 Септември, понеделник нема да се работи