ДУИ подигнал кредит од 900.000 евра за да купи зграда
Објавено во: Македонија 29 Мај, 2022 17:29
Владејачката ДУИ купила нов партискиот недвижен имот - веќе изградена деловно-административна зграда лоцирана во центарот на Тетово, во кругот на „Телеком“, пишува најновиот број на неделникот Фокус.
Станува збор за објект со приземје и 3 ката, чиј габарит изнесува 452 квадратни метри, а внатрешната површина 1.423 квадратни метри, а земјиштето се уште се води во сопственост на државата.
Бејтула Адеми, прв човек на финансискиот оддел на ДУИ, изјавил дека партијата подигнала банкарски кредит од околу 900.000 евра, со период на враќање од 7 години.
Една од најуспешните градежни компании во Македонија, АК-Инвест, била една од претходните сопственици на зградата.
Можеби ќе ве интересира
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра




