Дури 81 отсто од вакцините отишле во богатите земји, предупреди СЗО
Објавено во: Свет, Корона Вирус 23 Април, 2021 15:27
Oд досега употребените вакцини, само 0,3 отсто се во сиромашните земји, велат од Светската здравствена организација (СЗО).
Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, предупреди дека вакцините против коронавирусот сè уште се недостапни за сиромашните земји. Тедрос изјавил дека досега се искористени скоро 900 милиони дози вакцини ширум светот, но дека повеќе од 81 отсто отишле во богатите земји, а земјите со низок стандард добиле само 0,3 проценти, објави Ројтерс.
Директорот постојано ги осудува нееднаквостите во дистрибуцијата на вакцините. Тој ги повикува побогатите земји да ги споделат вишокот дози што ги имаат за да помогнат во имунизацијата на здравствените работници од сиромашните држави.
Повеќе од три милиони луѓе починаа од коронавирусот. Во светот има над 145 милиони ковид случаи.
foto freepik
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви
(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?





