Дурмиши соопшти конечна одлука: Маржата се ограничува до 10 отсто за 100 производи
Објавено во: Економија 18 Септември, 2024
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска на брифинг со медиумите обелодени дека цените нема да се замрзнат, туку ќе се ограничи бруто профитната маржа на стотина основни прехранбени производи до 10 отсто.
Мерката не беше прифатена на вчерашната владина седница, но најверојатно ќе биде прифатена следната недела, според најавите на Дурмиши и премиерот Христијан Мицкоски.
Со мерката ќе бидат опфатени лебот, пекарски и млечни производи, овошје, зеленчук, а ќе трае само еден месец.
- Оваа мерка ќе биде краткорочна и во сила еден месец. Праксата на нејзиното донесување ќе продолжи за новогодишните и сите следни празници, истакна министерот.
Дурмиши останува на ставот дека Законот за нефер трговски практики започнува да се применува од 28 септември и дека од тогаш дополнително треба да се намалат цените на производите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.