Двајца жители на Тркање нуделе поткуп на гласачи
Објавено во: Македонија 11 Декември, 2016 13:13
Кочанската полиција поднесе кривични пријави против С.М. (28) и З.Б. (50), двајцата од село Тркање, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на слободата на определување на избирачите“.
Тие на почетокот на месецов во повеќе наврати на гласачите М.М. и М.М. им нуделе по 1.000 денари за да гласаат за една политичка партија или да им ги дадат личните карти и да не излезат на гласање.
Полицијата соопшти дека С.М. и З.Б. се приведени и при извршен претрес кај нив и во нивните возила, пронајдени се повеќе списоци на лица со име и презиме и пари.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




