05 Декември, 2025
0.0817

Двајца поранешни директори на Стопанска Банка Битола заработија кривични пријави

Објавено во: Финансии 24 Август, 2015 00:05

Добивај вести на Viber

Кривични пријави за злоупотреба на службената положба поднесе полицијата против двајца поранешни директори на „Стопанска банка“-Битола. Двајцата како овластени лица на банката овозможиле правното лице „Амадеус груп“ од Охрид да стекне со  противправна имотна корист, а на штета на Стопанска банка АД Битола. Директорите на 14 декември 2010 година постапиле спротивно на Законот за банки и склучиле Договор за отстапување на побарување со хипотека со правното лице „Амадеус груп“ од Охрид во износ од 2.614.035 евра. Тоа бил износ помал за 150.000 евра од реалното побарување. Со ова пријавените ја оштетиле банката иако биле свесни и знаеле дека самиот договор е штетен за банката и во истиот период кај извршителот била исплатена целосната сума, од побарувањето од страна на купувачот. Б.Ѕ. во периодот од 16 октомрви до 24 декември 2010 година, постапил спротивно на чл.92 ст.1 од Законот за банки, односно кога Управниот одбор функционира само со еден член, поради неотповикливата оставка на другиот член. На 20 ноември 2009 година Б.Ѕ. самоволно, издал налог за извршување на претходно поднесеното барање за извршување од 18 ноември 2009 година, со цел да овозможи противправна имотна корист за друг и на ден 16 октомври 2010 година склучил преддоговор за отстапување на побарување со правното лице „Амадеус Груп“ ДООЕЛ од Охрид. Двајцата пријавени од 28 октомври до 24 декември 2010 година, како овластени лица на Стопанска Банка АД Битола постапиле  спротивно на чл. 89 ст.3 т. 17 од Законот за банки, и на 14 декември 2010 година, за побарувањата  кои што ги ималa банката во вкупен износ од 2.763.035 евра, од доспеани, а ненаплатени кредити, одобрени со залог на недвижен имот (во вредност од 26.272.962 евра) на правните субјекти „Унитајерс Стил Импекс“ ДООЕЛ Скопје и „Санос“ ДОО Скопје (каде што „Унитаејрес“ се јавува како заложен должник и за кредитот на „Санос“ ДОО), без одлука од соодветниот надзорен орган, пријавените со цел и формално правно да ја реализираат намерата за стекнување на противправна имотна корист за друг, склучиле договор за отстапување на побарување со хипотека со надомест, со правното лице „Амадеус Груп“ ДООЕЛ од Охрид, со дисконт од 150.000 евра, односно за 2.613.035 евра. По ова правното лице „Амадеус Груп“, во извршна постапка која се водела по барање на „Стопанска банка Битола“ кај извршител од Скопје, во улога на нов доверител по основ на Договор за отстапување на побарување од 14 декември 2010 година, го наплатило своето новостекнато побарување во целокупниот износ, кој како побарување првично го имала „Стопанска банка“ АД Битола од „Унитајерс Стил Импекс“ ДООЕЛ Скопје и „Санос“ ДОО Скопје за 2.763.035 евра, при што пријавените му овозможиле на „Амадеус Груп“ да се стекне со значителна противправна имотна корист во износ од 150.000 евра, на штета на „Стопанска банка“ АД Битола, со што го сториле кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти МВР.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката