06 Октомври, 2024
0.0264

ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ЕКС ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ВЛАДАТА МУХАМЕД ЗЕКИРИ - нема да му се конфискува станот во Чаир и средствата во сефот на сопругата

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири е осуден на две и пол години затвор за „злоупотреба на службена полпожба и овластување“

Тој треба и да ги надомести парите кои државата ги плаќала за физибилити студии без случување на тендер.

Нема да му се конфискува недвижниот имот во Чаир, ниту средствата кои се пронајдени во сефот на сопртугата.

Станува збор за првостепена пресуда од Кривичниот суд. 

Притоа, Зекири се товари дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000. 

Катерина Коларевиќ, обвинителката во случајот, во своите завршни зборови нагласи дека Зеќири без да спроведе јавна набавка, директно склучувал договори со правни лица кои работеле под сомнителни околности. Според неа, процесот почнал кога на предлог на вицепремиерот Фатмир Битиќи, Владата заклучила дека е потребно да се спроведе постапка за да се направи физибилити студија во врска со Македонски пошти и Железници Транспорт, а задолжен за постапката бил Мухамед Зеќири во улога на генерален секретар.

„Наместо обвинетиот да спроведе постапка за јавна набавка, тој склучил директно договор со правното лице друштво за менаџмент, консултантски услуги и трговија „Интерхолдинг дуо“, кое било основана само 12 дена пред донесувањето на конкретниот заклучок на Владата. Од сите докази очигледно е дека од постоењето на правното лице обавува само една единствена соработка со секретаријатот на Владата, седиштето на правното лице на ден 13 април 2022 година е најдено заклучено, ниту биле најдени вработени лица. Произлегува дека правното лице единствено било основано заради извршување на договорот склучен со секретаријатот на Владата“, рече таа.

Според одбраната, пак, не се доставени доволно докази со кои Јавното обвинителство би докажале дека осомничениот со директна умисла ги правел активностите, а во текот на постапката се покажало дека Мухамед Зеќири само спроведувал постапки исклучиво по наредба на Владата, а врз основа на одлуки донесени од Владата. Во однос на предлогот на обвинителството за одземање на средствата на сопругата на осомничената, одбраната оцени дека тоа би било незаконски и нечовечки затоа што осомничениот доставил писмени докази за потеклото на тие средства.

„Зекири писмено докажа дека средствата на неговата сопруга потекнуват од нејзините родители и се уредно пријавувани, барањето на обвинителството за запленување на овие средства е незаконски, но и нечовечки, поради состојбата во која се наоѓа сведокот“, рече Владмир Андреевски.

Зеќири се изјасни за невин и рече дека само извршувал активности за кои бил задолжен со одлука на Владата.

„Владата во својата работа донесува заклучоци во која ги задолжува органите да постапуваат, мене ме задолжија да ги споредам сите активности, а во заклучокот немаше предвидена јавна набавка. Обвинението дека со умисла сум направил некаква штета, кога јас како генерален секретар само извршував владин заклучок, што беше и моја законска службена обврска. Ако кривичното дело злоупотреба на положбата може да се стори исклучиво со умисла, никако не можам да бидам обвинет за такво кривично дело бидејќи јас извршував само туѓа замисла“, објасни Зекири.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕВЕ БАИР: Инвестиција од 1,6 милиони евра за граничниот премин со Бугарија

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕВЕ БАИР: Инвестиција од 1,6 милиони евра за граничниот премин со Бугарија

СТИГНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ЛИБАН: Обединетите Арапски Емирати доставија 40 тони лекови и други материјали

СТИГНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ЛИБАН: Обединетите Арапски Емирати доставија 40 тони лекови и други материјали

„КОНТИ“ СОГОЛЕ И МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ЗА ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА: Администраторот се огради од одговорност, а нема ниту кривична пријава до МВР

„КОНТИ“ СОГОЛЕ И МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ЗА ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА: Администраторот се огради од одговорност, а нема ниту кривична пријава до МВР

ПО ПОЧИНУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ДСЗИ ВЛЕГУВА ВО ДЕТСКАТА КЛИНИКА И ВО „КОЗЛЕ“: Имало ли пропусти во лекувањето?

ПО ПОЧИНУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ДСЗИ ВЛЕГУВА ВО ДЕТСКАТА КЛИНИКА И ВО „КОЗЛЕ“: Имало ли пропусти во лекувањето?

КОНТАМИНИРАНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СТРУМИЦА: АХВ наложи нови мерки за “Комуналец” од Струмица

КОНТАМИНИРАНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СТРУМИЦА: АХВ наложи нови мерки за “Комуналец” од Струмица