21 Декември, 2024
0.0281

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

Објавено во: Економија 04 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Македонската берза за струја полека, но сигурно го завзема своето „место под сонцето“. Државна фирма која работи во пазарно опкружување. Платформа на која се тргува струја по цени утврдени преку алгоритам кој ги собира понудените количини мегавати и предложените цени за купување на тие мегаватчасови. Денешната просечна цена е 100 евра за еден мегаватчас, а прометот е над 300.000 евра. Истргувата количина не е помала од 20 отсто од дневниот конзум за електрична енергија.

Македонската берза за струја вчера направи промет од продажба на електрична енергија вреден 305.716 евра (според средниот курс на НБРМ н.з.), покажуваат официјалните податоци на Операторот на пазар за електрична енергија.

Производители и трговци, регистрирани учесници на пазарот за електрична енергија вчера меѓу себе истргувале 3.090 мегаватчасови електрична енергија преку платформата на македонската државна берза за струја која е единствен регистриран оператор на пазар за електрична енергија. Поточно преку платформата на Операторот на пазар за електрична енергија (Сегмент тргување Ден однапред н.з.) како што всушност формално-правно се вика македонската берза за струја вчера бил направен промет на 3.090 мегаватчасови кои ќе се испорачаат на потрошувачите денеска и за нив ќе бидат наплатени 305.716 евра.

Е сега, првата и најважна функција на берзата за струја е таа што тој правен субјект гарантира дека тој што ја платил струја и ќе ја добие, а тој што ја продал ќе ги добие парите.

За да биде појасно колку од вкупната потрошувачка на електрична енергија во земјава се тргува преку нашата берза вредно е да се знае контекстот. Односно колку електрична енергија дневно, во овој период од годината, се троши во Македонија. Според последните податоци од МЕПСО (кои се однесуваат на последната седмица во септември) тоа што вчера се продало на берза, а ќе се потроши денеска изнесува најмалку 20 отсто од целиот конзум на електрична енергија.

Кои се најскапи часови, а кога струјата е најевтина?

Податоците на берзата покажуваат дека највисока цена струјата постигнала испораката за денеска од 18 до 19 часот. Цената на секој превземен мегават-час е 139,6 евра. Количината што е платена по таа цена е 104,5 мегаватчасови.

Интересно е што благодарејќи на „притисокот“ од фотоволтаиците и нивното производство во „топлите и светли дневни часови“ цената на струјата на берза е најниска во периодот од 11 до 16 часот. А најниска е на пладне поточно од 12 до 13 часот. Во тој период цената на мегаватчас паѓа на 55 евра. Заради тоа и за тој час од денот биле пазарени 151 мегаватчас електрична енергија.

Најголема количина на струја е истргувана во периодот од 23 до 24 часот. Вкупно 153,7 мегават-часови по цена од 98 евра за еден мегаватчас електрична енергија.

Просечната цена за еден мегаватчас за испорака денеска постигната на берза е околу 100 евра.

Повеќе детали на следниот линк https://dam.memo.mk/?page_id=252399&lang=mk

Р.Ф.

foto freepik.com/josemiguelsangar

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците

ПРОБЛЕМИ ВО РЕК БИТОЛА: Исклучени два термоблока, се работи на враќање во функција

ПРОБЛЕМИ ВО РЕК БИТОЛА: Исклучени два термоблока, се работи на враќање во функција

СДСМ: РЕК Битола е надвор од функција

СДСМ: РЕК Битола е надвор од функција