„АЛКАЛОИД“ ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА КУПИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ ВО ЈУЖНОКОРЕЈСКА КОМПАНИЈА - има стратешка цел да настапи на пазарот на биослични лекови

Објавено во: Економија 04 Октомври, 2024 11:32
Успешните компании се такви меѓу другото и поради фактот што навреме ги препознаваат современите трендови и навреме инвестираат во проширување и развој на својот бизнис.
Таков пример е и нашиот фармацевтски гигант „Алкалоид“, компанија која не прекинува со своите вложувања и дома, но и во освојување на нови пазари.
Денеска преку берзата „Алкалоид“ информираше за една многу битна и интересна новина од нивното работење, а таа е дека компанијата вложува во истражувачко-развојна компанија во Јужна Кореја.
Всушност, „Алкалоид“ купил малцински удел во јужнокорејската компанијата Rophibio, во противвредност од еден милион американски долари.
Имено, како што соопштува „Алкалоид“ АД Скопје, таа како интернационална генеричка фармацевтска компанија тежнее да биде присутна во сите сегменти на овој бизнис и да им понуди на здравствените системи и на пациентите достапност до што поголемо портфолио и типови на лекови по прифатлива цена.
Покрај вообичаените генерички лекови, Алкалоид АД Скопје има стратешка цел да настапи на пазарот и со биослични лекови, велат од компанијата.
„За навреме да настапи во овој растечки бизнис-сегмент во фармацевтската индустрија, АЛКАЛОИД АД, преку докапитализација на своето новоформирано друштво ALKALOID Pharma International од Хрватска, се одлучи за вложување преку купување малцински удел во јужнокорејската компанијата Rophibio. Преку ова вложување во Јужна Кореја, во противвредност од 1 милион американски долари, АЛКАЛОИД АД, покрај сопственичкиот удел во компанијата, ќе добие и право на првенство при лиценцирање на производите за регионите во кои има свои операции. Земајќи го предвид потенцијалот на пазарот, како и искуството на тимот кој ја предводи компанијата Rophibio, АЛКАЛОИД АД донесе одлука за инвестиција во оваа истражувачкоразвојна компанија, која во моментов е во напредна фаза на развој на биослични лекови“, се вели во објавата на „Алкалоид“ до инвеститорската јавност преку Берзата.
Можеби ќе ве интересира
ПЛАТАТА НЕ Е ПРОБЛЕМ: Сепак дури 70 проценти од словенечките работници размислуваат за промена на работното место

НЕ БАРААТ СИРОМАШНИ: „Златната виза“ на Трамп е пат до државјанство за 5 милиони долари

НА НАЈНИСКО НИВО ЗА ТРИ ГОДИНИ: Зошто „тоне“ вредноста на доларот?

ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРEСЕЧЕ: Нема повеќе стимулации за вработување имигранти

МОДНА ПОЛИЦИЈА, ЗАБРАНА ЗА СЕЛФИ, СКОКАЊЕ ОД КАРПИ ВО МОРЕ, ПУШЕЊЕ НА ПЛАЖА: Стотици, па и илјадници евра казни во популарните туристичките центри низ Европа

УБЕР СО АВТОНОМНИ ВОЗИЛА ВО ЛОНДОН ОД СЛЕДНАТА ПРОЛЕТ: Новата технологија ќе создаде дополнителни 38.000 работни

КЛИЕНТИ НА ДВЕ ГОЛЕМИ БАНКИ ВО ГЕРМАНИЈА СЕ ЦЕЛ НА ИЗМАМНИЦИ: Постојат неколку начини како да се заштитат

Трамп пријави повеќе од 600 милиони долари приход од криптовалути и голф клубови

Русинка откри колку троши нејзиното четиричлено семејство во Белград
