„СЀ ШТО СУМ ЗАРАБОТИЛ, ОСУМДЕСЕТ ОТСТО ВЛОЖИВ ВО НЕДВИЖНИНИ“: Попов ексклузивно во „Бизнис муабети“ на Фактор
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2024 12:10
Фудбалска легенда Горан Попов, кој од фудбалер премина во менаџерските води денеска ексклузивно во „Бизнис муабети“ со Мишко Иванов зборува за неговите подвизи, за промената на кариерата, за секојдневието во Македонија, а сето тоа раскажано со многу харизма и смеа.
- Кариерата е таква што бара многу откажувања, многу карантини, многу патувања, што е секако задолжително и за тренерите. Тоа беше пресвртна точка да преминам кон менаџерските води, наместо во тренерските. Дополнително, по консултациите со докторите, бидејќи имав три операции, нивните совети беа дека ако продолжам да играм, може да останам инвалид, па тоаа ме поттикна целосно да барам нова струка - вели Попов во разговорот со Иванов.
Но, тој не се воздржуваше и да раскаже како е постигнат договорот до „Динамо Киев“, како се правеле договорите со менаџерите, искрено, и без влакна на јазикот.
- Јас кога отидов во Динамо Киев, се сретнав со главниот менаџер, кој отворено ме праша што сакам, колку побарувам. Тој директно ме праша што сакаш, еве на еден лист напиши што сакаш, додека он на друг напиша што они даваат за мене за следните пет години договор.
Ми го дава ливчето, и ме прашаа дали сум задоволен. Нормално дека бев, но не го кажав тоа, туку со менаџерот кој кога слушна дека зборуваме за пет години договор, кажа дека мора да е добар договор за него да остане следните пет години.
Секоја година растеше сумата во договорот, првата година беше 650 илјади долари, а секоја наредна се зголемуваше за 150 илјади - вели Попов.
Но, особено интересен е моментот кога Попов раскажува за „дополнителните“ финансии кои ги добил од клубот. Природно, без воздршки кажа колку побарал, каква била ракцијата на неговиот менаџер, а каква на клубот...
Уживајте и во денешното издание на Бизинис Муабети.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




