ДВЕТЕ БИЛЕ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНА: Мајката почина лежејќи покрај својата ќерка
Објавено во: Свет, Корона Вирус 05 Јануари, 2021
Во Велика Британија мајка почина лежејќи во кревет до својата ќерка, која исто така била заразена со коронавирусот.
Седумдесет и шестгодишната Марија Рико од Личестершир ја тргнала маската за кислород за да зборува со своите две ќерки за последен пат, иако знаела дека тоа ќе ја забрза нејзината смрт. Анабел Шарма го опиша моментот како срцепарателен, но додаде дека ѝ е мило што мајка ѝ барем не починала сама. Таа ја објави нивната последна заедничка фотографија за да ја крене свеста за вирусот.
„Мајка ми почина половина час откако побара да ѝ биде тргната маската за кислород. Таа беше свесна дека тоа ќе биде нејзиниот крај и дека потоа нема да има уште многу време. Имавме само пет минути за разговор, по што таа ја изгуби свеста. Таа ни кажа дека не ѝ е страв од умирање, дека е подготвена. Ми кажа да се борам силно зашто ме чекаат деца дома“, изјави Шарма.
Нејзината сестра Сузана добила дозвола да присуствува, при што носела заштитна опрема. Во Британија беше откриен и новиот вид на коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.