ЏЕНОВА: Уште еден човек почина, а друг е најден во урнатините
Објавено во: Свет 18 Август, 2018
Италијанската новинска агенција „АНСА“ попладнево објави дека според нивни извори од болницата Сан Мартино бројот на загинати во несреќата во Џенова каде се урна мост се зголемил на 43 лица.
Станува збор за 36 годишен маж кој им подлегнал на повредите во болницата.
Под рушевините на мостот во Џенова денеска е пронајдено и телото на 30-годишен маж, со што бројот на жртви постојано се зголемува. Италијанските медиуми пренесоа и дека во текот на ноќта се пронајдени телата на трочлено семејство, но локалните власти не ја потврдија информацијата.Претседателот на Италија Серџо Матарела, премиерот Џузепе Конте, лидерите на владејачките партии, Луиџи ди Мајо и Матео Салвини, неколкумина министри, заедно со челновите на семејствата на загинатите денеска се простија од 18-мина жртви во падот на надвозникот.