26 Јануари, 2025
0.0352

„е- Engagement” – едукативни работилници за усовршување на дигиталните вештини на младите луѓе

Објавено во: Мои пари 09 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Социјалните мрежи како Facebook и Twitter, покрај тоа што се место каде виртуелно ќе се сретнете со пријателите и ќе ја споделите вашата омилена музика и фотографии од одмор, можат да бидат и место за многу повисоки цели доколку знаете како да ги применувате. Ова беше само една од темите кои се дискутираа на едукативните работилници кои беа дел од проектот „e-Engagement”, организиран од страна на НВО „Младински сојуз”, а со поддршка на фондацијата “е-Македонија” на Македонски Телеком. Првите предавања и работилници започнаа во Куманово, за потоа да се пренесат низ градовите: Струга, Штип и Кавадарци. Проектот беше заокружен со завршна конференција во Прилеп на која учествуваа најмотивираните и најактивните учесници од едукативните работилници. За впечатоците и импресиите од овој проект дадоа изјави организаторите Билјана Стојческа, член на проектниот тим од Младински Сојуз и Радмила Јончевска, директор на фондацијата “е-Македонија”. Стојчевска смета дека активностите направиле голем исчекор кон градење на дигитално активна младина во општеството. „Големо благодарам на фондацијата „e – Македонија” и сите партнери кои не поддржаа во овој проект, резултатите се заеднички. Поминавме долг пат до овој успех, но сега сме уште повеќе свесни дека треба уште многу да работиме на охрабрување и зајакнување на ангажирање на младите луѓе во електронското општество. Затоа, Младинскиот Сојуз се радува на сите следни е- акции за младите луѓе како и на следните наши проекти за развој на инклузивно дигитално општество каде што секој млад човек ќе знае како да го користи потенцијалот и придобивките на новите технологии и дигиталните алатки“ вели таа. Директорот на фондацијата “е-Македонија” ја објасни улогата на фондацијата: „Фондацијата е-Македонија има за цел да вклучи што е можно повеќе млади луѓе во е-општеството. Истата цел ја има и проектот e-Engagement, односно да ги мотивира и обучи младите како поефективно да се вклучат во дигиталното општество. Ова води до долгорочни бенефити зошто утре тие луѓе ќе можат да направат позитивни промени преку тие алатки. Големата посетеност на работилниците сама по себе зборува дека има потреба од ваква едукација, но и мотивација, зошто исклучително е важно младите да почувствуваат дека се дел од група, да споделат мислења, да слушнат успешни приказни, да се дружат и сето тоа да придонесе подобро да се интегрираат, да реагираат и да се вклопат во општеството. На работилниците учествуваа над 200 млади луѓе во 5 града во Македонија. Се надевам дека сите овие активности ќе донесат позитивни промени и ќе ги активираат младите.” Пале Секулоска, студент на Факултетот за педагошки науки во Штип беше активен учеcник на работилниците. „Пред почетокот на проектот „е-Engagement“ многу од нас сметаа дека тоа ќе биде само место за дружење и забава и многу мал дел едукација, тоа беа нашите очекувања. Очекувањата ни се потврдија, но никој од нас не очекуваше дека тој проект ќе ни ја подигне свеста и ќе бидеме мотивирани за поактивно и поефикасно користење на дигиталните алатки кои претходно ги користевме само за лични потреби и дека тоа е максиумумот кој тие можат да го понудат.“ –вели Секулоска. Според неа овој проект го зголемил интересот кај неа и останaтите учесници за активно користење на дигиталните алатки како и можностите преку нив да придонесат за општеството. „Тренерите кои беа избрани за овој проект преку дискусија на разни теми ја зголемија нашата самодоверба и желбата за активно и ефективно користење на овие дигитални вештини и ни покажаа како нашите идеи многу лесно можат да бидат реализирани преку електронско учество. Многу идеи ми се вртат низ глава за кои дури сега сум свесна дека сите тие многу лесно можат да се остварат преку дигиталните алатки. Сега знам дека мојот глас вреди ако го споделам на интернет и после овој проект имам храброст тоа да го направам. Искуството од овој проект ќе го споделам со многу други кои ќе покажат интерес, ќе се потрудам да ја подигнам свеста и кај останатите за моќта на дигиталните алатки и би се стремела кон позитивни промени во општеството за кое сите зборуваме, но ништо не сме преземале затоа што сме сметале дека немало начин како да се направи тоа.“ - изјави Секулоска. Заклучокот на учесниците на проектот „e-Engagement“ беше едногласен: овој проект е одлична можност да се дискутира за успешните иницијативи на младите луѓе кои ги оствариле своите замисли преку интернет и на тој начин да се охрабрат и инспирираат останатите да пристапат со поголема самодоверба во реализација на своите идеи кои имаат моќ да предизвикаат позитивни промени во општеството.

Можеби ќе ве интересира

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес