08 Октомври, 2024
0.0270

EAGLE PASS ВО ТЕКСАС ЕПИЦЕНТАР НА ГОЛЕМИ СУДИРИ: Се споменува и отцепување, Тексас има поддршка од 26 републикански гувернери

Објавено во: Свет 30 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Eagle Pass во Тексас стана епицентар на опасниот судир меѓу Тексас и федералните власти за тоа како да се справат со мигрантската криза и кој има јурисдикција над тој дел од границата меѓу САД и Мексико.

Спорот ескалираше на 10 јануари, кога властите во Тексас ги блокираа агентите на американската гранична патрола во областа Игл Пас. Оваа област го вклучува паркот Шелби, градски парк на реката Рио Гранде, кој сега е ограден со жица што го попречува пристапот на граничната патрола, јавува Си-Ен-Ен. На 12 јануари, откако армискиот оддел на Тексас „го окупираше и го обезбеди Шелби паркот“, две деца и една мајка се удавија во блискиот дел од реката Рио Гранде. Сега Тексас и американските власти меѓусебно се обвинуваат дека придонесуваат за трагедијата.

Конфликтот меѓу Тексас и федералната влада околу контролата на границата меѓу САД и Мексико дополнително се интензивираше во последните денови откако гувернерот на Тексас Грег Абот објави дека „ќе им пркоси на администрацијата на Бајден и на Врховниот суд на САД“, наредувајќи да се да се огради со жица за да се одврати миграцијата. Врховниот суд претходно му нареди на Тексас да ја отстрани жицата долж границата.

40.000 камиони се упатуваат кон границата

Конвојот од 40.000 камиони наречен „Поврати ја нашата граница“ кој се залага за посилна безбедност на границата денеска тргна од Норфолк, Вирџинија кон Игл Пас.

Конвојот се движи кон јужната граница и планира да одржи митинзи на главните гранични точки за влез, вклучувајќи ги Сан Исидро, Калифорнија, Игл Пас, Тексас и Јума, Аризона. Групата планира да го помине југоисточниот дел на САД пред да им се придружи на другите демонстранти во Тексас претстојниот викенд.

„Слушам дека 40.000 возачи на камиони доаѓаат од целата земја и Канада“, рече организаторот Џон Хаџинс. Поаѓањето на конвојот од Вирџинија го означува почетокот на она што може да биде значаен настан во конфликтот за безбедноста на границата. „Сведоци сме на невиден конфликт на границата, кој ги тестира темелите на САД и авторитетот на Врховниот суд“, рече Хаиме Вакез, адвокат за имиграција.

26 републикански гувернери го поддржаа Тексас

Повеќе од 20 републикански гувернери потпишаа писмо за поддршка за Тексас до Бајден и секретарот на DHS Алехандро Мајоркас. „Мора да се поддржат напорите на гувернерот Абот да ја обезбеди нашата граница и работата на јавниот обвинител Пакстон, кој ги брани тие напори. Ние сме нација на закони,“ се вели во писмото.

Писмото беше потпишано од 26 републикански гувернери од Ајова, Јута, Алабама, Алјаска, Арканзас, Флорида, Џорџија, Ајдахо, Индијана, Канзас, Кентаки, Луизијана, Мисисипи, Мисури, Монтана, Небраска, Њу Хемпшир, Северна Дакота, Оклахома, Охајо, Јужна Каролина, Јужна Дакота, Тенеси, Вирџинија, Западна Вирџинија и Вајоминг. Законодавното раководство на државата Аризона, исто така, го потпиша писмото.

„Сакам да им се заблагодарам на моите колеги ширум земјата за нивната поддршка бидејќи Тексас ја врши работата што Бајден одбива да ја направи“, рече Кен Пакстон, јавен обвинител на Тексас. „Инвазијата, поттикната од одбивањето на Бајден да го следи федералниот закон, е најголемата закана со која се соочува оваа земја. Тексас ќе продолжи да прави се што е во негова моќ за да ја затвори границата и да ја заштити Америка“, додаде тој.

Се споменува отцепување

Во изјавата објавена минатата недела, Абот рече дека „федералната влада го прекршила компактот меѓу федералната влада и државите“ и објави дека ја распоредил Националната гарда на Тексас и други државни службеници за јавна безбедност за да ја „обезбедат границата на Тексас“.

„Зборот компакт кај некои предизвика загриженост бидејќи на тој начин седум од 11 држави кои се отцепија (вклучувајќи го и Тексас) се повикаа на Уставот во нивните уредби за отцепување за време на Граѓанската војна“, вели вели Стивен Вест, историчарот чија главна областна проучување е Граѓанската војна.

За изборот на зборови на Абот пишуваше и Ник Робертсон од The ​​Hill. „Таканаречената „теорија на компакт“ ја отфрли идејата за надмоќ на државата што се користеше за оправдување на отцепувањето на конфедеративните држави за време на Граѓанската војна. Врховниот суд постојано ја уриваше правната теорија во раните години на Соединетите држави, кога прво беше предложено да се поништи федералното законодавство додека беше на функција поранешниот претседател Џон Адамс“, напиша Робертсон.

Инаку, националистите во Тексас бараат референдум за отцепување иако тоа не е дозволено во американскиот устав.

Тексас се отцепи од Мексико во 1836 година и помина девет години како своја нација пред да стане сојузна држава на Соединетите Американски Држави. Исто така, Тексас се отцепи од САД во 1861 година пред да биде повторно примен по завршувањето на Граѓанската војна во 1870 година.

Договор на хоризонтот?

Членовите на американскиот Сенат во Вашингтон работат на можен договор за имиграцијата. Извори за Си-Би-Ес изјавија дека договорот би можел да биде склучен следната недела. Според договорот, нацрт-законот ќе му даде на претседателот овластување да го паузира процесирањето на барањата за азил за време на порастот на нелегалните гранични премини. Дополнително, се зборува за воведување побрзи мерки за депортација и скратување на времето на чекање за одлуките за азил.


Можеби ќе ве интересира

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист