05 Декември, 2025
0.0356

ЕБОР воведува нова програма од 75 милиони евра за Западен Балкан

Објавено во: Финансии 23 Октомври, 2013 22:37

Добивај вести на Viber

ЕБОР воведува нова Програма за одржлива енергетска ефикасност за Западен Балкан 2 (WeBSEFF II) како поддршка на напорите за подобро искористување и зачувување на енергијата во регионот. Програмата е комбинација од неопходно долгорочно финансирање и техничка експертиза - две клучни компоненти, кои често пати тешко може да се добијат. Рамката од 75 милиони евра е дизајнирана за да обезбеди кредитни линии на локалните банки во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Косово, Црна Гора и Србија, за понатамошно кредитирање на приватни компании и јавни субјекти. Средствата ќе бидат наменети за инвестиции во енергетска ефикасност и обновлива енергија. Во првата фаза програмата се воведува во Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Србија. WeBSEFF II е дел од Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан, што претставува заедничка иницијатива на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) и ЕБОР. Во рамките на оваа програма, Европската унија обезбедува поддршка во износ од 11.5 милиони евра, во форма на грантови наменети за програмите за техничка соработка, како и директни грантови за заемопримачите по успешно имплементиран проект. Заемопримачите, ќе можат да користат бесплатни консултантски услуги-како на пример, бесплатна подготовка на инвестициски планови. Регионот на Западен Балкан има значителен неискористен потенцијал за инвестиции во енергетска ефикасност, во период кога на пазарот и понатаму се присутни голем број на пречки. WeBSEFF II е креиран за да одговори на овие предизвици, притоа запазувајќи ја усогласеноста со целите на земјите учеснички, утврдени во Националните акциони планови за енергетска ефикасност (NEEAPS), кои даваат истакната улога на јавниот сектор. Клучните цели се максимално искористување на потенцијалот за заштеда на енергија, отворање на нови пазари и обезбедување ефикасна и ефективна распределба на средствата. Во моментов во Македонија, се подготуваат кредити за две комерцијални банки во вкупен износ од девет милиони евра. „Новата програма претставува важен чекор напред во нашите напори да го поддржиме одржливото користење на енергија во Западен Балкан, регион каде сеуште има значителни недостатоци. Надоврзувајќи се на претходните активности на овој план, посебен акцент ставаме на обновливите извори на енергија и заради тоа ја проширивме листата на можни учесници, со вклучување на јавниот сектор, каде постои голем неискористен потенцијал за заштеди,” изјави Анка Јоана Јонеску, претставник на ЕБОР за Македонија. Новата програма претставува продолжување на успехот постигнат со 60-те милиони евра од кредитната програма WeBSEFF II, воведен од страна на ЕБОР во 2009 година, и со учество на осум банки од регионот. Во Република Македонија, до сега се финансирани 38 проекти за енергетска ефикасност и обновлива енергија, во вкупен износ од 12 милиони евра. ЕУ обезбеди финансирање за програмата во форма на грантови.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката