ЕДЕН ОД ВОДЕЧКИТЕ БАНКАРИ ВО СВЕТОТ ПРЕДУПРЕДУВА - Да, кризата е на видик
Објавено во: Финансии 08 Август, 2024 15:43
Шефот на најголемата американска банка, JP Morgan Chase, Џејми Дајмон и натаму смета дека најверојатното сценарио е рецесија во САД.
Според него, изгледите за таканаречено „меко приземјување“ на американската економија без да западне во рецесија се меѓу 35 и 40 отсто, што значи дека рецесијата е најреална опција, пренесува CNBC.
Тој уште во февруари изјави дека пазарите во САД се премногу оптимисти за ризикот од рецесија, а сега ја потврди својата претходна позиција и го привлече вниманието на бројните неизвесности и ризици.
„Отсекогаш укажував на геополитичките фактори, цените на становите, дефицитите, трошењето, квантитативното заострување, изборите, сите овие работи предизвикуваат вознемиреност на пазарите“, додаде извршниот директор на JP Morgan Chase.
Димон е скептичен и за изгледите на американската централна банка ФЕД да ја намали инфлацијата во САД до посакуваните два проценти поради планираните големи расходи за американската војска и зелената економија.
Можеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




