Еден убиен и неколку повредени по пукање во Турција
Објавено во: Балкан 30 Јули, 2017
Најмалку едно лице загина, а тројца се повредени по пукање во ноќен клуб во Турција, пренесе агенцијата "Анадолија".
Според информациите, група вооружени мажи влегле во установа во Бодрум.
Жртвата е 22-годишниот Фурка Саи. Повредените се хоспитализирани. Мотив за нападот не се наведува. Полицијата трага по напаѓачите.