Еди Рама и рече на Фон Дер Лајен дека „свадбата“ сега зависи од сватовите
Објавено во: Балкан 28 Септември, 2021
„Свадбата“ сега зависи од сватовите, изјави албанскиот премиер Еди Рама на средбата со претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен, мислејќи на почеток на преговорите.
Тој вели дека Албанија продолжува да го користи знаењето и искуството на ЕУ за да се модернизираат институциите.„Потоа, дали конференциите и поглавјата ќе бидат отворени или не, е прашање на ЕУ. Не на ЕК, туку на член на европското семејство кој со инает се однесува кон друг и го држи како заложник“, рече Рама.
Фон Дер Лајен и во Македонија изјави дека земјата не треба да се откажува од членство во ЕУ.
Рама и претходно даваше изјави во сличен стил, кога велеше дека додека „да се земеме, ќе бидеме слободни“, мислејќи на членството во ЕУ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.