Единечна доза на Фајзер или AстраЗенека создава силен одговор на коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 15 Април, 2021 21:08
Една доза или на вакцината Оксфорд / АстраЗенека или Фајзер / Бионтек генерира голема реакција на заштитни антитела против коронавирусот кај луѓето, пишува Гардијан.
Првата студија која ги разгледува компаративните перформанси на двете вакцини што се користат во Велика Британија во последниве месеци, покажува дека 93 отсто од луѓето развиваат антитела против протеинот на коронавирус за пет до шест недели по единечна доза на Фајзер и 87 отсто по единечна AстраЗенека.
Но, истражувачите од Конзорциумот за имунологија на Велика Британија, кој вклучува научници од 20 различни центри, откриле разлика кога станува збор за клеточниот одговор предизвикан од вакцините. Тоа е создавање на Т-клетки кои помагаат во борбата против вирусот.
Вакцината АстраЗенека имала поголем ефект, односно 31 отсто од луѓето кои развиле Т-клетки против протеинот во споредба со 12 отсто од оние кои имале примено доза на Фајзер. Луѓето кои примиле доза од AстраЗенека имале и посилен клеточен одговор.
Наодите сугерираат дека политиката на Велика Британија за 12-неделно чекање помеѓу дозите е безбедна, бидејќи најранливата возрасна група развива силен одговор на антитела на вакцините многу пред втората одложена доза. Тие велат дека е потребна поголема работа за да се открие дали разликата во клеточниот одговор е значајна.
„Важно е да се разбере како имунолошкиот одговор генериран од вакцините против Ковид -19 варира со возраста, доцнењето помеѓу дозите и видот на администрираната вакцина“, рече Пол Мос, професор по хематологија на Универзитетот во Бирмингем и главен истражувач на конзорциумот.
Истражувачите анализирале примероци на крв од 76 лица, на возраст од 80 до 99 години, кои имале примено единечна доза од Фајзер и 89 кои имале вакцина АстраЗенека.
foto freepik
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви
(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?





