13 Мај, 2024
0.0258

Еднакви можности за сите, денови за подигање на свеста за потребите на инвалидизираните лица

Објавено во: Мои пари 07 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Фудбалската федерација на Македонија започна со активностите во рамки на деновите за подигнување на свеста за потребите на инвалидизираните лица.

На настанот кој се организира во „Куќата на фудбалот“ учествуваат претставници од сите клубови од Прва лига, претставници од МОБИЛНОСТ - Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет на Република Македонија и претставници на МОК - Македонски Oлимписки Комитет.

2

На воведниот дел од настанот учесниците на работилницата ги поздравија претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски и генералниот секретар, Филип Поповски.

„Ве поздравувам од името на Фудбалската федерација на Македонија, наше задоволството е да се дружиме со поранешни големи спортисти, со нашите пријатели од Мобилност и нашите драги колеги од Македонскиот Олимписки Комитет. Оваа соработка отвора нова врата на меѓуинституционална, но и човечка соработка помеѓу нас и заедницата на луѓе со инвалидност во нашата земја. Стануваме свесни за нивните потреби, но и за нашите можности да одговориме на истите“ - истакна Илчо Ѓорѓиоски, претседател на ФФМ.

 Генералниот секретар на федерацијата, Филип Поповски изјави дека ФФМ ќе даде секаква поддршка за создавање еднакви можности за сите во фудбалската игра.

 „Фудбалската Федерација на Македонија ќе даде секаква поддршка за креирање на еднакви можности за сите во фудбалскиот свет, без разлика на полот, религијата, националната припадност или физичките способности. Во рамки на своите можности ќе се обидеме да го имплементираме вклучувањето на лицата со телесен инвалидитет на спортските терени во Македонија на повеќе нивоа, почнувајќи со подобрување на инфраструктурата на стадионите, едукација и активности во рамките на федерацијата и на сите клубови. Мисија на ФФМ е да привлече, чува и негува различности за одржување на фудбалската игра и радоста која ја носи овој спорт, на што еднакво право имаат сите“ - дополни генералниот секретар на ФФМ, Поповски.

3

Свое предавање во рамки на работилницата имаат Ирена Бакревска – Милошевска од Фудбалската Федерација на Македонија, а предавање на тема: Моќта на немоќните имаше Бранимир Јовановски, претседател на Мобилност.

6

„Спортската активност го ангажира лицето со инвалидност целосно и ја менува неговата емоционална состојба, заборава на својата инвалидност, се појавува самостојност, самодоверба и истрајност. Желбата за победа во спортот развива колективност и другарство. Во исто време спортистот се навикнува на пораз и неуспех. Тоа е многу важно во процесот на рехабилитација која многу често е врзана со големи психички напори кои лицето со инвалидност не може брзо и оддеднаш да ги совлада. Преку спортот стекнуваме доверба во своите можности“ - изјави Бранимир Јовановски во својата презентација.

5

Претседателот на Мобилност ја поздрави намерата и поддршката од ФФМ во рамки на своите можности да се обиде да ги вклучи лицата со телесен инвалидитет на спортските терени во Македонија.

„Голема благодарност до Фудбалската Федерација на Македонија за поддршката која ни ја давате, во духот на спортот и различностите ве поздравувам од името на Мобилност - Македонија, Национален сојуз кој брои повеќе од 200 лица со телесен инвалидитет. Ви благодарам што заеднички се трудиме да ја срушиме парадигмата дека овие лица се болни и што ни овозможувате да се чувствуваме еднакво со сите. Оваа соработка ја поставивме на цврста основа и искрено се надевам дека ќе имаме поддршка и од другите институции и спортски федерации“ - истакна Јовановски.

По завршувањето на работилницата беше одигран фудбалски натпревар,  помеѓу тимот на МОБИЛНОСТ и тимот на МОК, составен од поранешни македонски олимпијци.

МОК: Раиф Камбери (голман), Елмедин Сејфулау, Стефан Јанкуловски, Игор Паскоски, Мартин Нестороски, Берат Јакупи, Иво Цветковски, Лука Гаревски, Седат Бафтију, Стојна Вангеловска, Љупчо Ангеловски, Методија Ангеловски, Горан Милковски. Тренер: Владимир Богоевски.

МОБИЛНОСТ: Николчо Пеев (голман), Александар Талевски, Ефтимчо Атанасовски, Ѓоко Стојановски, Митко Сотировски, Бобан Јорданоски, Горан Трајчев, Зоран Трајановски, Тони Шишевски, Николчо Делев;

Натпреварот заврши без победник, нерешено, 5-5.

Деновите од 2 до 10 април се означени како „Денови за подигнување на свеста за потребите на инвалидизираните лица“, а ФФМ ќе ги одбележи овие денови под мотото:

ФУДБАЛ ЗА СИТЕ - ПРИСТАП ЗА СЕКОГО.

7

Можеби ќе ве интересира

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО