19 Декември, 2025
0.1473

ЕДС со апел до општините и јавните претпријатија: Навременото подмирување на долговите за електрична енергија значи и одговорност кон граѓаните

Објавено во: Мои пари 21 Октомври, 2022 14:22

Добивај вести на Viber

По повод информациите објавени во медиумите, а поврзани со прекинот на испорака на електрична кон Комунално јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани поради неплатен долг кон компанијата - ЕДС АД Скопје (ENERGY DELIVERY SOLUTIONS), компанијата денеска излезе со апел до јавноста, особено до општините и јавните претпријатија, за важноста на редовно и навремено подмирување на долговите за електрична енергија, особено во услови на енергетска криза. 

„Нашата компанија, која што веќе 10 години работи на македонскиот пазар по највисоки професионални стандарди, има целосно разбирање за финансиските предизвици со кои што се соочуваат сите деловни субјекти и кога ќе дојдеме во ситуацијата некои од клиентите да се соочуваат со проблеми при подмирувањето на своите обврски, ние работиме со нив да најдеме начин како соработката да продолжи, особено кога се работи за клиенти чија примарна дејност е давање јавни услуги. 

Но, за жал понекогаш доаѓаме во ситуација во која што за да ги заштитиме интересите на сите потрошувачи од целата наша балансна група и да обезбедиме стабилност во снабдувањето, принудени сме да ги искористиме законските решенија за раскинување на договорите и прекин на испораката кон некои од клиентите. Во секој случај, на овие клиенти секогаш им останува опцијата да бидат снабдувани од страна на Универзалниот снабдувач, односно Снабдувачот во краен случај, во зависност од нивниот законски третман. Самиот прекин на испораката на електрична енергија од страна на ЕДС АД Скопје не значи дека тие потрошувачи ќе останат без електрична енергија. Дополнително, би сакале да појасниме дека исклучувањето го врши дистрибутерот на електричната енергија, не ЕДС, а притоа во ниту еден случај не се исклучуваат објекти од категоријата „критична инфраструктура“, се вели во соопштението од компанијата.

„Затоа, како општествено одговорна компанија која што секогаш го има предвид интересот и на клиентите и на граѓаните, апелираме до општините и јавните претпријатија дека во постојните услови во енергетскиот сектор од клучно значење е редовното и навремено подмирување на сметките за електрична енергија, разумното и одговорно планирање на буџетите за потрошувачка на електрична енергија од страна на надлежните сектори во општините и јавните претпријатија и секако рационално користење на енергијата“, потенцираат од ЕДС.

Можеби ќе ве интересира

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“