ЕФСЕ ги поддржува долгорочните фиксни каматни стапки на станбените кредити на Охридска банка Сосиете Женерал
Објавено во: Мои пари 26 Април, 2016 14:58
Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ) го подобрува пристапот до финансиски средства на македонските домаќинства преку долгорочен кредит од 10 милиони евра за Охридска банка Сосиете Женерал, која неодамна воведе производ што ги фиксира каматните стапки на станбените кредити за двапати подолго од вообичаеното.
Охридска банка Сосиете Женерал се очекува да го искористи финансирањето на ЕФСЕ за воведување нов станбен кредит со фиксна каматна стапка за првата декада на кредитот, за првпат на македонскиот пазар. Повеќето кредити од овој тип во земјава во моментот имаат фиксни стапки само за првите пет години, па удвојувањето на овој период се очекува да обезбеди придобивки од елиминирањето на несигурноста од варијабилни каматни стапки на долг рок.
Моника Бек, претседател на Управниот одбор на ЕФСЕ, изјави: „Охридска банка Сосиете Женерал е една од водечките финансиски институции во Македонија, и преку удвојувањето на времетраењето на фиксните каматни стапки за станбени кредити и кредити за реновирање на домот, ја поддржува мисијата на ЕФСЕ за промовирање на економскиот развој и просперитет на граѓаните во регионот. Возбудени сме што ќе го започнеме ова заемно корисно партнерство”.
Бранка Павловиќ, претседател на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете Женерал, изјави: „Благодарение на средствата од ЕФСЕ, Охридска банка Сосиете Женерал има можност да ја претстави својата уникатна понуда на пазарот и да развие квалитетни односи со цел подобро да се разберат, услужат и да се предвидат потребите на нашите клиенти, притоа придружувајќи ги на долг рок. Со нашиот нов станбен кредит со 10-годишна фиксна каматна стапка, Охридска банка Сосиете Женерал оди чекор подалеку во однос на транспарентноста и квалитетот на своите производи. Знаејќи ја каматната стапка за првите 10 години од кредитот, клиентите ќе можат подобро да ја планираат својата иднина. Транспарентност, стабилност и квалитет – тоа се нашите крајни цели“.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




