21 Мај, 2024
0.0337

ЕК побара од Европскиот совет да прифати 54 000 Сиријци од Турција

Објавено во: Балкан 21 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Европската комисија (ЕК) упати предлог до Европскиот совет за преместување на 54 000 сириски бегалци од Турција кон ЕУ.

„Во врска со договорот потпишан во петокот (18-ти март) помеѓу Европската унија и Турција, Европската комисија го усвојува предлогот за измена на одлуката за распределба на сиромашните од меѓународна заштита на луѓе од Италија и Грција во други земји од ЕУ. Со таа измена 54 000 лица веќе можат да бидат преместени од Турција во ЕУ, а за таа цел земјите-членки на Унијата во лицето на Европскиот совет треба да се согласат да го исполнат договорот со Турција“, се вели во соопштението на ЕК.

Клучен факт е дека овие луѓе треба да бидат примени во ЕУ „во рамките на постоечките аранжмани“.

Станува збор за одобрената шема за раселување на мигранти од Италија и Грција од ЕК уште во летото минатата година, по која слободни за раселување во границите на ЕУ останаа 54 000 места од вкупно 160 000, запишани воквотната шема“.

По оваа шема во Бугарија дојдоа двајца луѓе, а неодамна премиерот Бојко Борисов изјави дека едниот избегал.

Во меѓувреме, според договорот меѓу ЕУ и Турција, турските набљудувачи денес пристигнаа на грчките острови Лезбос и Хиос.

Тие ќе имаат за цел да им помогнат во извршувањето на договорот за намалување на бегалци и мигранти во Европа, потсетуваат агенциите.

Договорот стапи официјално во сила вчера (20 март), но неговата примена доцни. Грчките власти инсистираат за побрзо спроведување на договорот меѓу ЕУ и Турција, кој предвидува трансфер на бегалци од Грција во другите европски земји, како и депортација од грчките острови во Турција.

Согласно договорот сите мигранти кои пристигнале после недела, нема да имаат право да го продолжат патот во Грција.

Атина очекува уште 2300 европски експерти, вклучувајќи и преведувачи, кои ќе се вклучат во спроведувањето на договорот. Според грчките властите во моментов во земјата има над 50 000 мигранти.

Можеби ќе ве интересира

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

„ЛУЃЕТО БЕГААТ ОД ХРВАТСКА“: „Земјата ќе остане празна“

„ЛУЃЕТО БЕГААТ ОД ХРВАТСКА“: „Земјата ќе остане празна“

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ СЕ ВРАБОТИЛА ВО ИТ СЕКТОРОТ ВО БОЛНИЦА: Хрватка со измама сакала да добие подобра плата

СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ СЕ ВРАБОТИЛА ВО ИТ СЕКТОРОТ ВО БОЛНИЦА: Хрватка со измама сакала да добие подобра плата

КАФЕТО ВО ХВАР Е ВИСТИНСКИ ЛУКСУЗ! И Хрватите се изненадија: Една шолја од овој омилен црн пијалок е непристојно скапа!

КАФЕТО ВО ХВАР Е ВИСТИНСКИ ЛУКСУЗ! И Хрватите се изненадија: Една шолја од овој омилен црн пијалок е непристојно скапа!

„До кога меѓународната заедница ќе толерира насилство врз Србите“: Дачиќ по влезот во експозитурите на „Поштенска штедилница“

„До кога меѓународната заедница ќе толерира насилство врз Србите“: Дачиќ по влезот во експозитурите на „Поштенска штедилница“

„ГИ ВИДОВ ДЕЈАН И СРЃАН НА ДЕПОНИЈАТА ВО 14.45“: еве што вели сведок во случајот со малата Данка, биле во службеното возило

„ГИ ВИДОВ ДЕЈАН И СРЃАН НА ДЕПОНИЈАТА ВО 14.45“: еве што вели сведок во случајот со малата Данка, биле во службеното возило

„ГИ ВИДОВ ВО 14 ЧАСОТ И 45 МИНУТИ КАЈ ДЕПОНИЈАТА“: Сведок раскажа сѐ за средбата со убијците на Данка

„ГИ ВИДОВ ВО 14 ЧАСОТ И 45 МИНУТИ КАЈ ДЕПОНИЈАТА“: Сведок раскажа сѐ за средбата со убијците на Данка