05 Декември, 2025
0.0753

ЕК: Во Македонија расте инфлацијата, а буџетскиот дефицит, во првите месеци, пораснал на над 70% од планираното

Објавено во: Финансии 28 Јули, 2013 15:42

Добивај вести на Viber

Во земјите од Западен Балкан дојде до извесно закрепнување на економски раст, иако тоа сее уште не е одразено на и понатаму големата стапка на невработеност, ниту на подобрувањето на животниот стандард и зголемување на потрошувачката во земјите од тој регион, се истакнува во економската анализа на Европската комисија (ЕК) за првите шест месеци од оваа година, пренесува Дојче Веле. Во анализата, која ја имала на увид српската агенција Бета, се нагласува дека до заживување во економијата и растот на Брутодомашниот производ (БДП) во земјите од Западен Балкан дошло затоа што минатата година четири земји од тој регион западнале во рецесија. Заздравувањето и економскиот раст би требале да продолжат, но и натаму да бидат „кревки". „Разликите во растот на БДП не се занемарливи и се движат од 2,1 проценти во Србија, па се до 4,3 проценти во Црна Гора. Невработеноста во Босна и Херцеговина достигна стапка од 44,5 проценти годинава, а само донекаде е намалена во Албанија, исто како и во Македонија, каде се уште е 29,9 проценти и во Србија, каде е 24,1 процент" - се наведува во анализата на ЕК. Инфлацијата е во пад во БиХ, Црна Гора, Косово, како и кај кандидатот за членство во ЕУ - Исланд, и тоа може да има извесен поволен ефект на реалните приходи на населението. Во Македонија и Турција, инфлацијата расте, „додека во Србија стагнира, но се уште е многу висока". „Освен во Турција, во сите земји од процесот на придружување кон ЕУ дојде до намалување на платниот дефицит поради слаба домашна побарувачка, што го ограничи растот на увоз, додека извозот е потикнат со постепениот пораст на странска побарувачка" - наведува ЕК. Се укажува на тоа дека „причините за поголеми буџетски дефицити отколку што е планирано во 2012 година, се поради паѓањето на буџетските приходи во Србија и во БиХ, а покрај тоа во Македонија и Албанија се значително зголемени издатоците, така што буџетскиот дефицит во Македонија бил повисок од планираниот во првите месеци годинава и брзо пораснал на над 70 проценти на целосната годишна цел".

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката