Еко-акција на Телеком за собирање стари електронски уреди
Објавено во: Мои пари 22 Април, 2025 10:46
|
Еко-акција на Телеком за собирање стари електронски уреди Македонски Телеком го одбележува Денот на планетата земја, со еко активности засобирање стари уреди, коишто имаат за цел заштеда на природните ресурси и намалување на електронскиот отпад. Акција Еко попуст Продолжува акцијата за собирање стари уреди, со уште поголеми поволности за корисниците. Отсега еко попустот за T Phone, кој изнесува 3000 денари ќе биде активен во текот на целата година. Проширена е и палетата на стари уреди за кои се добива попуст и освен телефони, корисниците ќе може да остават: слушалки, таблети, паметни часовници, полначи. Оваа акција во која корисниците дирекно придонесуваат, почна пред неколку години и досега се собрани над 40 000 стари мобилни уреди кои се рециклираат во партнерство со „Нула Отпад“. Иницијативата Еко-попуст го носи печатот за квалитет, одговорност и одржливост #GreenMagenta, кој го доделува Дојче Телеком за исклучителни еко - иницијативи од целата групација.
Акција во училишта и градинки Во соработка со „Нула Отпад“ се организира и акција за собирање стари уреди во повеќе училишта и градинки во Скопје. Акцијата се одвива во текот на април 2025 година, а одделенијата и градинките коишто ќе соберат најмногу електронски отпад добиваат подарок – прочистувач за воздух. Оваа акција има едукативна цел, но го поттикнува и натпреварувачкиот дух и работењето во група кај децата и младите.
Македонски Телеком се залага за намалување на негативното влијание врз природата, со особен акцент на циркуларната економија и има одговорност да направи вистинска разлика за поздрава животна средина. Повеќе за Еко попуст на: www.telekom.mk
|
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“









