19 Декември, 2025
0.0560

ЕКОДОМ и ЕКОКАСКО: еколошки и лесно применливи решенија за следната година

Објавено во: Мои пари 28 Декември, 2022 12:03

Добивај вести на Viber

Новогодишните празници се период од годината кога луѓето размислуваат за своите навики и за изборот на начинот на живеење. На почетокот на Новата година многумина од нас размислуваат како да се подобрат себеси и своето влијание врз светот околу себе. Во последните години е зголемен фокусот на еколошки прифатливиот живот и токму поради тоа треба да се размислува да се вклучат и одредени одржливи цели кога носиме новогодишни одлуки за новата година пред нас.

Секој може да има корист од носење еколошки посвесни одлуки. Доколку сакате да заштедите финансии или да ѝ се оддолжите на планетата, постојат многу можности во секојдневниот живот за намалување на личниот јаглероден отпечаток и на отпадот. Со носење и придржување до еколошките новогодишни одлуки можеме да ги промениме своите навики за поздрава иднина. А со носење новогодиши одлуки за својот дом не само што може да си го подобриме животниот простор туку и да ѝ помогнеме на животната средина.

Инвестициите во модерни, енергетски ефикасни технологии и системи за управување со енергијата во принцип имаат голема економска смисла. Најдобар начин за да се намалат трошоците за енергија е да се осигурите дека домотви е добро изолиран. Со подобрена изолација можете да заштедите пари на сметките за енергија и да создадете поздрав дом, намалувајќи го провевот.Одведете го еколошки прифатливиот начин на живот уште еден чекор понапред и изберете изолацијасо помош на волна и дрвени влакна наместо коневенционалната плоча од пена. Друг одличен начин да заштедите енергија и да го одржувате домот ладен лете и топол зиме е надградба на енергетски ефикасни прозорци. Според Министерството за енергетика на САД, 25-30% од енергијата за греење и ладење се губи преку нашите прозорци.

Исто така, сѐ поголем број граѓани се одлучуваат на своите покриви да надградат фотоволтаици за производство на електрична енергија со цел да ги намалат сметките за струја, да дејстуваат еколошки и да помогнат колку што можат, како и да дадат придонес во надминувањето на енергетската криза. На краток рок оваа инвестиција претставува свесно пренасочување кон поодржлив, еколошки извор на енергија, но нејзината вистинска вредност е во долготрајната корист од инвестицијата, која ќе овозможи заштедување средства и енергија, а зад себе ќе остави почиста и поздрава околина.

И покрај повисоките стартни трошоци, купувањето ефикасни технологии во најголем број случаи ќе се исплаќа бидејќи ќе се користи помалку енергија од претходно и поради тоа што ќе бидат пониски трошоците за поправка и за одржување.Во согласност со денешните потреби на корисниците и фокусирајќи на се трендовите што го диктираат развојот на пазарот, компанијата Кроација осигурување - неживот воведе две новини во вид на промотивни акции за корисниците, кои во своите домови имаат имплементирано обновливи извори на енергија - ЕкодомиЕкокаско.

ЕКОДОМ овозможува со секое осигурување стан или куќа (домаќинско или пожарна полиса), под услов да има инсталирано систем за обновлива енергија (соларни панели за производство на електрична енергија, соларни колектори за затоплување санитарна вода при користење клима-уред, инвертер или при греење со парно), осигуреникот/договарачот се стекнува со 50 отсто попуст на полисата за семејно осигурување од незгода - Blue Family.

Во рамките на ЕКОКАСКО, со секоја каско полиса за хибридно или електрично возило, осигуреникот/договарачот се стекнува со 50 отсто попуст на полисата за семејно осигурување од незгода - Blue Family.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција