ЕКОНОМИИТЕ ЗАКРЕПНУВААТ: Скокна цената на нафтата
Објавено во: Економија, Корона Вирус 03 Јуни, 2020
Eкономиите во светот се оправуваат по нестабилноста која ја донесе коронавирусот, а со тоа скокаат и цените на нафтата.
Tие денеска се зголемија, а нафтата брент се тргуваше за повеќе од 40 долари за барел првпат од месец март.
Цената на нафтата брент за испорака во август утрово имаше раст од 78 центи или за два отсто и се купуваше за 40,35 долари по барел.
Американската ВТИ нафта има раст од 1,06 долари или за 2,9 проценти и се тргуваше за 37,87 долари за барел.
Во однос на случувањата во нафтената индустрија, Русите нема да увезуваат нафта до октомври. Одлуката стапи на сила вчера.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.