30 Април, 2024
0.1738

Економска независност

Објавено во: Економија, Колумни 23 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Еден човек може да се реализира и да носи одлуки само кога е економски независен или научил вештини кои му овозможуваат да создава, да биде корисен, да заработува и самиот да биде одговорен за својата судбина. Во таква ситуација има избор да се спротивстави кога мисли дека треба и да каже НЕ, да не се плаши! Само економски независен човек е слободен, и има поголеми шанси да се избори за своето достоинство и чест. Кога од сферата на поединецот ќе се префрлиме на државата доаѓаме до истиот заклучок, дека колку повеќе државата создава, колку има поголем БДП, подобри економски показатели, толку е таа понезависна, солвентна, и дека е на добар пат. Во таа смисла секое позајмување, значи делумно откажување од својата слобода! Така на пример ММФ, Светска банка позајмуваат, но со тоа си земаат за право и да се мешаат во фискалните и монетарните политики во земјите каде позајмуваат. Нивниот интерес не е само во ниската камата која ќе ја добијат, туку и во можноста да се мешаат во внатрешните работи на една земја, да влијаат на тенденции, политики. Една влада кога вработува луѓе во администрација тоа го прави за да во иднина им ја ограничи слободата на гласање. Банка кога дава кредит си го зема за себе хипотекарното право да го одземе заложениот имот доколку не се врати кредитот. Тоа значи дека кога сме економски зависни по автоматизам имаме ограничување на некоја слобода или право! Дури и отпорот и стравовите на граѓаните од цела Европа од напливот на имигранти претежно од Сирија и Авганистан, не е поради национални или религиозни причини туку пред се од економски. Луѓето се плашат дека еден ден можеби токму поради имигрантите ќе останат без работа, дека ќе им се наруши економската благосостојба.  Иако имигрантите се тема на која во моментов се водат бројни европски дебати, што некои експерти се на став дека на имигрантите треба да се гледа и како ефтина а квалификувана работна сила која може да обезбеди економски раст, за да се заклучи дека односот кон имигрантите зависи од тоа дали поединецот има етно национален или космополитски карактер. За да ја заштитат својата економска независност и за да обезбедат континуиран прилив на средства луѓето, компаниите се здружуваат во разни неформални групи, (здруженија, комори, кластери, па со до некакви масонски организации) што претставува тенденција што секој треба да ја практикува. Преку референдум изгласавме политичка независност. Како да дојдеме до економска независност? За економска независност секој треба напорно да работи на унапредување на својата професија, на постојана самоедукација, да не се задоволува со просечност, секогаш да бара и да сака повеќе. Компаниите многу повеќе да го поддржуваат концептот на вмрежување, на соработка, на заеднички настапи на интернационалните пазари (кластерите по сектори вистински да профункционираат, а не само периодично и тоа кога некоја НГО ќе даде иницијатива.)Конкурентските домашни компании треба многу повеќе да разговараат и да се почитуваат. А државата треба да обезбеди еднакви услови на работа за сите. Слободните економски зони, странските инвеститори се добра идеја, и одлична пропагандна стратегија, но на крај на денот треба да се измерат и ефектите. Како што вели еден мој драг пријател, економијата е чиста математика, биланс од две страни, на приходи и расходи. Треба да се направи анализа колку е вложено за инфрастуктура во зоните, колку се субвенциите, тоа да се стави на кантар со приходите (колку луѓе се вработени, колку заработиле, колку останати комплементарни ефекти се постигнати...итн.)И ако ова долгорочно е позитивен тренд треба и да се поддржи. Од друга страна треба да се види што ќе значи ако се поддржат домашните компании и какви ќе бидат крајните ефекти врз буџетот, БДП, трговскиот дефицит.. Како мала земја, економската независност е нешто што ни е повеќе од потребно, бидејќи само така можеме да се одбраните од сите предизвици кои не оптеретуваат, и да можеме сами да влијаеме на сопствената судбина. Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?