ЕКОНОМСКИ ШОК: Аргентина ја ослабува вредноста на својата валута во корист на доларот, новиот претседател започна со „шок терапија“
Објавено во: Финансии 13 Декември, 2023
Аргентинските власти ја ослабнаа вредноста на пезосот во однос на американскиот долар за повеќе од 100 отсто. Според новиот курс, еден американски долар наместо досегашните 400, вреди 800 пезоси. Најавени се строги мерки за штедење во јавниот сектор и можна хиперинфлација. Министерот за економија бара економска „шок терапија“. Претседателот Хавиер Мајли распушти девет министерства, а земјата и должи на ММФ 44 милијарди долари.
Набргу откако новиот претседател на Аргентина, Хавиер Мајли ја презеде функцијата, неговата администрација објави дека ќе ја ослаби вредноста на домашната валута во однос на американскиот долар за повеќе од сто проценти.
Тие наведуваат дека станува збор за „економска шок терапија“, која, како што велат, била дел од изборните ветувања на Мајли со цел да се реши „најлошата економска криза во Аргентина во последните неколку децении“.
Министерот за економија Луис Капуто најави дека според новиот курс, еден американски долар ќе вреди 800 пезоси, наместо досегашните 391.
Од 2019 година, Аргентина вештачки ја одржува својата валута со строго контролирање на нејзиното движење.
Резултатот од таквите политики беше зголемената побарувачка за американскиот долар на неформалниот пазар на валути, каде што пезосот беше котиран по многу пониска стапка од официјалната.
Мерки за штедење
Ресорниот министер предупреди дека ќе следи огромно намалување на буџетот за јавни работи.
Капуто изјави дека новата политика на штедење подразбира намалување на субвенциите за гориво и јавен превоз, но и целосно замрзнување на средствата на одреден временски период за одредени големи договори на претходната влада и рекламирање.
Новите аргентински власти го откажуваат објавувањето на јавните тендери, а ќе бидат поништени и одобрените тендери чија подготовка се уште не е започната.
„Реалноста е дека нема пари за плаќање на јавни работи и дека овие средства, како што знаат сите Аргентинци, често завршуваат во џебовите на политичарите или бизнисмените“, истакна Капуто.
Argentina will weaken its peso over 50% to 800 per dollar, cut energy subsidies, and cancel tenders of public works, new economy minister Luis Caputo said, in economic shock therapy aimed at fixing the country's worst crisis in decades https://t.co/vAtleq3gC1 pic.twitter.com/8m2haJ2TQw
— Reuters (@Reuters) December 13, 2023
Најава за можна хиперинфлација
Министерот истакна и дека од претходната влада ја наследил најлошата економска состојба во историјата на Аргентина и дека мора да преземе бројни и ефективни чекори за да се избегне хиперинфлација.
„Ги предупредувам граѓаните на Аргентина дека, во однос на инфлацијата, ситуацијата ќе биде полоша од пред неколку месеци. И го велам тоа затоа што, како што вели претседателот, подобро е да се каже непријатна вистина отколку удобна лага“, рече Капуто, а пренесува Ел Паис.
„За да се разбере можната хиперинфлација во бројки – зборуваме за млеко кое може да скокне од 400 пезоси на 60.000 пезоси за една година. Нашата мисија е да избегнеме таква катастрофа“.
Ненадејна инфлација и долг од 44 милијарди долари
Аргентина се соочува со зголемена инфлација, при што цените ќе пораснат за околу 150 проценти во 2022 година.
Државниот долг е исклучително висок, а околу 40 отсто од населението живее под прагот на сиромаштија.
Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, овие мерки ги нарече „храбри“ и нагласи дека ММФ ќе помогне да се создаде амбиент за раст на приватниот сектор.
„Ги поздравувам решителните мерки. Тоа е важен чекор кон враќање на стабилноста и обнова на економскиот потенцијал на земјата“, рече Георгиева, а пренесе Би-би-си.
Аргентина му должи на ММФ 44 милијарди долари.
Што ќе каже Конгресот
За време на претседателската кампања Мајли вети дека ќе ја укине Централната банка, ќе го замени пезосот со долар, но мавташе и со моторна пила што ги симболизираше напорите да се намали и скрати корумпираниот државен апарат.
Тој веќе укина девет министерски ресори.
Сепак, не е јасно дали партијата и коалицијата на аргентинскиот претседател, третата најмоќна во Конгресот, ќе можат да ги спроведат сите најавени мерки за штедење без големи политички конфликти.
Фото: Принтскрин/Твитер
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.