08 Мај, 2024
0.0226

Економско влијание, граѓански права и квалитет на животот: Ова се најдобрите држави во светот за 2017

Објавено во: Финансии 08 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Истражување на U.S. News & World Report ги утврди најдобрите земји за 2017 година/ 

Медиумската организација, позната и со листите за највлијателните американски универзитети, проценува 80 земји по различни критериуми, меѓу кои економско влијание, граѓански права и квалитет на животот.

Истражени се мислењата на 21 000 бизнис лидери, членови на информатички елити и истакнати граѓани.

Истражувањето се прави за втора година по ред заедно со консултантската компанија Y & R's BAV Consulting и Wharton School of the University of Pennsylvania.

Во изминатата година некои големи светски сили забележале пад поради политичка нестабилност и промени. Така на пример САД отстапува со три места, како и минатогодишниот лидер во листата - Германија, која сега е дури на четвртото место.

Погледнете кои се 24-те најдобри држави за 2017 година

24. Португалија

Иако не е меѓу најбогатите земји, Португалија има богато културно наследство и е една од најдобрите земји за пензионирање и за патување.

23. Јужна Кореја

Таа е дом на 12 локации од културно-историското наследство на УНЕСКО и секоја година е посетена од 18 милиони туристи. Земјата има и силно развиена економија, базирана на висока технологија, што придонесува за нејзиниот висок БДП во износ од 1,3 трилиони долари.

22. Обединети Арапски Емирати

Богатите нафтени резерви ја прават една од најпросперитетните земји во светот и застанува на чело на најдобро растечки економии.

21. Ирска

Престолнината Даблин може да се пофали како дом на бројни технолошки компании како Google, Facebook, LinkedIn, Hubspot и Dropbox. Тука технологијата е на почит.

20. Кина

Покрај тоа што е една од петте највлијателни нации, Кина е и економија со колосални димензии и силно влијание на глобалната сцена.

19. Шпанија

Шпанија е препознатлива по културните знаменитости и е наведена во истражувањето како едно од најдобрите места за посета во светот.

18. Австрија

Земјата е со добри резултати по сите индикатори, но е меѓу светските лидери во своите добри услови за жени.

17. Луксембург

Земјата го има вториот највисок БДП по глава на жител во светот. Управувањето и поволната даночна политика ја рангира и на првите места по услови за водење бизнис.

16. Италија

На крајот на 2016 година премиерот Матео Ренци поднесе оставка по неуспешен референдум за уставни реформи и тоа ја разниша стабилноста на земјата. Затоа таа паѓа со три места во листата оваа година. Сепак Италија е највлијателната во културна смисла според анкетата.

15. Сингапур

Островот град-држава ја задржува својата позиција и оваа година е дефинирана како една од најдобрите земји во светот за инвестиции.

14. Нов Зеланд

Таа е прогласена за најдобра земја за пензионирање. Освен тоа е високо ценета за богатата природа, верската слобода и еднаквост на половите.

13. Финска

Сигурно не е изненадување дека северноевропските држави се рангираат на високи позиции во листата. Финска е со високи резултати во повеќето категории, но е меѓу првите по транспарентност.

12. Данска

Според извештајот таа е втората најдобра земја во светот за одгледување на деца, претекната само од Шведска.

11. Холандија

Холандија е првата земја во светот која ги легализира истополовите бракови и е со либерални ставови во врска со употребата на дроги, проституцијата и абортусот.

10. Норвешка

Ова е една од 4-те земји во Топ 15, предводена од жени, и е на прво место на табелата за права на граѓаните.

9. Франција

Франција паѓа со едно место во однос на минатата година, бидејќи е во период на претстојните избори под силно влијание на екстремнодесничарскиот кандидат Марин Ле Пен, која е главен кандидат за претседателската функција. Покрај тоа, според истражувањето земјата е на последно место меѓу европските земји во приемливоста на повеќе отворени миграциски политики.

8. Австралија

Рангирана на второ место по Нов Зеланд како најдобро место за пензионирање. Освен тоа е дефинирана како една од најдобрите земји за отворање на централна канцеларија на компаниите.

7. САД

Речиси 75% од испитаниците тврдат дека се изгубиле верба во лидерството на САД по претседателските избори минатата година. Земјата губи позиции во неколку категории, вклучувајќи добро место за бизнис, граѓански права, едукација и транспарентност. Но сепак е највлијателната нација во светот.

6. Шведска

Тоа е највисоко рангирана северна држава во листата. Таа е прогласена за најдобро место за жените, за одгледување на деца и за зелен живот.

5. Јапонија

Јапонија се движи со две позиции напред оваа година поради политичката и економската стабилност. Таа е рангирана во топ 10 во категории како претприемништво, нагорна економија и земја со силно културно влијание.

4. Германија

Минатогодишниот победник губи три места. Зголемената загриженост околу миграцискиот проблем во Европа и сериите терористички акти се одразуваат на слабите резултати во 2017 година

3. Обединето Кралство

Велика Британија и Северна Ирска успеваат да му парираат на ударот од претстојниот Брегзит и задржуваат високо место на листата. Велика Британија исто така е одредена за четвртата највлијателна нација во светот и препознатлива со културното влијание.

2. Канада

Канада може да се пофали со највисок квалитет на живот во однос на било која друга држава, што значи дека е економски и политички стабилна, одлично место за одгледување на семејството и со добро развиени јавно здравје и образовен систем.

1. Швајцарија

Швајцарија е најдобрата држава на светот, според истражувањето. Таа го должи лидерството на прогресивниот општествен систем, заштитата на човековите права и одличните услови за бизнис.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати