23 Ноември, 2024
0.0265

ЕКС МИНИСТЕРКАТА И ЕКС ГРУПЕР ДАМАТА НИНА АНГЕЛОВСКА ОДИ НА НОВА ПОЗИЦИЈА - предизвик и е високо менаџерско место во српската Ананас

Објавено во: Финансии 14 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Нина Ангеловска, поранешка министерка за финансии на земјава, која на овдешната јавност и беше позната по тоа што беше сопственичка на компанијата за онлајн трговија Групер, зазема нова висока позиција во друга компанија за онлајн трговија, со српски капитал. 

Имемно, екс министерката на својот профил на бизнис мрежата Linkedin објави дека е пред нов возбудлив предизвик, односно дека е среќна што се приклучува на Ananas e-commerce, како менаџер за интернационален бизнис развој, или како што напишала INT Business Develomement Manager. 

Како што е познато, Ananas e-commerce, е во сопственост на компанијата „Делта“ на српскиот бизнисмен Мирослав Мишковиќ.

Ananas e-commerce е основана во 2020 година во Белград. 

„Нашата мисија е да ги поврземе купувачите и продавачите на сигурна онлајн платформа за купување. Со помош на иновациите и технологијата, ги бришеме границите и им го олеснуваме животот на луѓето“, велат од компанијата.

Како што напишале Ананас на својата веб страница, на прашањето зошто е избрано името Ананас, тие го даваат следниов одговор до своите клиенти. 

За нас поважното прашање е зошто треба да ја изберете нашата платформа, а има четири причини: широк асортиман на производи, брза испорака, безбедно плаќање и полесно враќање на стоката. Ananas e-commerce е сигурна платформа која ги поврзува купувачите и продавачите. Со модерна технологија и иновации, купувањето преку Ananas ќе стане синоним за едноставност, сигурност и достапност. Сите овие придобивки ги сумиравме во нашиот слоган: „Кликни! Бум! Трас!“, со цел накратко и јасно да се пренесе колку е едноставно и посебно купувањето преку нашата платформа.

За нас, клиентот е крал, и секое добро искуство со купување преку Интернет е голема работа за нас. Нашето патување започнува од Србија, преку Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Хрватска и Словенија. Твојот почнува од ananas.rs“, стои на нивната веб страница. 

Нивните вредности, како што велат, се емпатија, критичко размислување, страст, а нивното мото е дека „клиентот е крал“.

„Задоволните клиенти се најдобрата награда за нашата работа и секогаш се во фокусот на нашиот бизнис. Сите најнови, намалени и актуелни производи се веќе на страницата и ние ги одбравме за вас!“, се вели во нивната објава.

Нина Ангеловска го наследи Драган Тевдовски на министерското столче во еден од најтешките ресори, Финансии, во септември 2019 година, каде што имаше тежок предизвик да се справува со предизвиците на државната каса, а потоа и со проблемите кои ги донесе ковид кризата. Антикорупциската комисија го проблематизираше нејзиното повлекување на влогот од Еуростандард банка пред таа да пропадне, и пред таа да си замине од министерската позиција, но Обвинителството не најде таму кривично дело.  

Откако си замина од министерската позиција, за Ангеловска беше објавена информација дека таа ја продала Групер на други сопственици.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?