18 Декември, 2025
0.0414

ЕКСГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НОВО СЕЛО СТОЈЧЕВ ПОВТОРНО ЗАД РЕШЕТКИ - меѓу уапсените во денешната голема полициска акција

Објавено во: Македонија 02 Март, 2024 19:46

Добивај вести на Viber

По објавата на Министерството за внатрешни работи дека се уапсени 10 лица од повеќе градови од земјава, попладнево медимите пренесуваат дека меѓу нив е и поранешниот градоначалник на Ново Село од редовите на СДСМ, Боро Стојчев. 

Меѓу нив, како што пишува „Антропол“ е и Симе Франгов, синот на поранешниот градоначалник на Гевгелија, Иван Франгов од редовите на ВМРО - ДПМНЕ. Него исто така го поврзуваат и со сообраќајна незгода во Нов Дојран во декември минатата година, при што смртно беше прегазен пешак, но гевгелискиот обвинител не побарал, ниту пак судија одредил мерка притвор.

Се шпекулира дека токму ексградоначалникот Стојчев бил на чело на оваа криминална група која продавла дрога. 

Фирмата од која потекнува дрогата е „Еко енерџи космос“. Првично основана за производство на електрична енергија, но во 2020 година ја менува дејноста за одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија за употреба во фармацијата, практично кога доби лиценца од Министерството за здравство за огледување на канабис. А од почетокот на годината е во стечајна постапка. 

Инаку, Боро Стојчев во 2017 година беше предложен за кандидат за градоначалник од СДСМ. 

Јавноста памети дека Стојчев беше поврзан со криминални активности уште во 2018 година, кога беше и градоначалник на Ново Село. 

Имено во јули 2018, Стојчев заедно со уште два члена од неговото потесно семејство, неговата сопруга и синот, заедно со уште две лица, беше фатен при обид за шверц на цигари близу македонско- бугарска граница. Првично си доби 18-месечна затворска казна, па подоцна му беше намалена на половина година. 

Поради апсењето, тој на функцијата градоначалник на Ново Село беше само една година и два месеци, од октомври 2017 до декември 2018. Поради притисоци за шверцот на цигари беше принуден да си даде неотповиклива оставка. 

Фактор пред неколку месеци објави дека „Тотал Инженеринг Струмица“, градежната фирма на бизнисменот Вице Заев станала нов сопственик на Бојана БС Панел, претпријатие дотогаш во сопственост на Боро Стојчев.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија