Ексклузивно во ВИП салоните достапен миленикот на Samsung – Galaxy Note Edge
Објавено во: Мои пари 30 Јануари, 2015 13:19
Новиот миленик од Samsung, Galaxy Note Edge, ексклузивно достапен во салоните на Vip. Запознајте го светскиот предводник во врвниот изглед и супериорните карактеристики, кој ги предизвика досегашните правила во дизајнот на смарт-телефони и ги промени правилата на нивната употреба.
Револуција во дизајнот со Edge Screen
Благодарение на својот иновативен дизајн, Samsung Galaxy Note Edge им овозможува на корисниците нов начин за пристап до информациите. Уникатниот заоблен раб на екранот овозможува брз пристап до често користените апликации и функционалности на уредот, со само еднo движење на прстот. Исто така, овој заоблен раб на екранот Ве информира и за сите нотификации, без притоа да ја прекине активноста на главниот екран, благодарение на новиот Edge screen. Па така, може слободно да гледате видеоклипови или да слушате музика, без притоа известувањата да Ве прекинат во уживањето.
Експлозија на бои
5.6” Quad HD + Super AMOLED екран
Високиот контраст на 5.6“ Quad HD + Super AMOLED екранот ќе Ви овозможат да ги доживеете живописните бои, исто како да ги гледате со голо око. Квалитетот на екранот е збогатен за лесен преглед на содржини, целосно оптимизиран за прелистување веб-страници како и за електронско читање.
Фаќај забелешки со Photo Note
Photo Note е одличен начин да ги зачувате Вашите мисли или, пак, да креирате уникатни фотографии, бидејќи со Photo Note записот може веднаш да го конвертирате од аналоген во дигитален и да правите дополнителни промени, на белешки или бои, со помош на S pen.
Со S pen истовремено и лесно ќе направите селекција на одредена содржина, без оглед на тоа дали станува збор за текст, екран или за апликација. Целата Ваша селекција можете да ја ставите на едно место, да ја зачувајте или, пак, веднаш да ја споделите.
Мултифункционален
Скратете го времето на работа со опцијата за отворање повеќе прозорци истовремено на екранот на Samsung Galaxy Note Edge. На тој начин, Вие можете флексибилно да работите со повеќе апликации истовремено, и сето тоа да се одвива брзо и лесно, со користење едноставни движења.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“








