24 Април, 2024
0.0252

Експерти на Светска банка ќе ја учат Македонија за спрaвување со долгови

Објавено во: Финансии 28 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Македонија ќе има полза од експертизата на експертите на Светската банка за одржливите системи за решавање на долговите и управувањето со нефункционалните кредити, којашто беше изнесена на Конференцијата којашто се одржа денес во Скопје. Домаќини на Конференцијата беа ИФЦ, членка на Групацијата на Светската банка, и Народната банка на Република Македонија. Гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов, ја отвори Конференцијата на која присуствуваа претставници на Министерството за финансии, Министерството за правда, Управата за јавни приходи, како и претставници на судовите, деловните банки и македонското Здружение на банкарството. Притоа Богов истакна дека „не може да се создаде ефективен и ефикасен систем за решавање на долговите без учество на носителите на политиките, регулаторите и другите релевантни институции.“ Учесниците на Конференцијата имаа можност да дискутираат со експертите на Светската банка за проблемите и решенијата во врска со решавањето на долговите и управувањето со нефункционалните кредити во Македонија. „Главната цел на Конференцијата беше да се споделат меѓународното искуство и знаење во областа на стратегиите за решавање на долговите", изјави Зоран Мартиновски, претставник на ИФЦ во Република Македонија. „Постои ризница од искуства во другите европски земји коишто може успешно да се применат и во Македонија.“ На Конференцијата се дискутираше и за техничките прашања поврзани со решавањето на долговите, со особен осврт на она што може да сторат носителите на политиките за да го олеснат решавањето на нефункционалните кредити во банкарскиот сектор. Учесниците разговараа за расположливите механизми за принудна наплата на долгот, за постапките поврзани со преструктурирањето и несолвентноста, за потенцијалната продажба на нефункционалните кредити и даночните влијанија, како и за разните пречки за ефикасно решавање на долг.

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо